Исаија 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 Ос 1,1; Мих 1,1 Видение на Исаија, синот на Амоц, кое го виде за Јудеја и Ерусалим, во деновите на јудејските цареви Озија, Јо­там, Ахаз и Езекија.

Одметнат народ

2 5 Мојс 4,26; 31,28; 32,1.5-6.10; Ер 6,19; Мих 1,2; Варух 4,8 Чујте небеса и слушај земјо, зашто Господ вели: „Јас воспитав и подигнав синови, а тие се побунија против Мене.

3Ер 4,22; 8,7; Пс 80,11Волот го познава стопанот свој, и магарето – јаслите на господарот свој, а Израил не Ме познава, Мојот народ не разбира.“

430,9; 1 Мојс 6,12; 5 Мојс 28,20; 31,16; Ер 1,16; 2,13; 16,11Ах, народе грешен, народ претрупан со беззаконија, племе на злодејци и си­нови погубни! Го оставивте Господа, Го презревте Светецот Израилев, – грб Му свртевте.

53 Мојс 26,14-33; Ер 5,3; 8,18; Амос 4,6-12; Плач 5,17Каде уште да ве бијат вас, кои сѐ уш­те се противставувате? Целата глава ви е во рани, и целото срце ви е изнемош­тено.

6Ер 8,22; 30,12-15; Пс 37,3.7; Лк 10,34Од главата до петите нема во тој на­род здраво место, модрици, гнојни рани, нечистени, непреврзани и неомекнати со масло.

Опустошена земја

7 6,11; 1 Мојс 19,1; 5 Мојс 28,33; Ер 2,15; Пс 78,7 Земјата ви е опустошена, градовите ви се изгорени со оган; нивите ваши пред ваши очи туѓинци ги јадат; и пус­тош е, како што запустуваат туѓинци.

8Остана ќерката Сионова како колиба во лозје, како сеница во градина, ка­ко опсаден град.

94,3; 1 Мојс 18,16-33; 19,1-29; Амос 4,11; Рим 9,29Да не беше ни оставил Господ Са­ва­от мал остаток, ќе бевме како Содом, ќе заприлегавме на Гомора.

Не жртви, туку правда

10 1 Мојс 18,20; 5 Мојс 32,32; Ер 13,15 Чујте го словото Господово, кнезо­ви содомски, вслушајте се во законот на нашиот Бог, народе гоморски!

11Ер 6,20; Амос 5,22; Мих 6,7; Пс 49,8„Зошто ми се многуте ваши жртви? – вели Господ. Презаситен сум од сепаленици на овни и од маснотија на згоен добиток; крв од телињата, од јагниња и јариња не сакам.

12Кога доаѓате да се јавите пред лицето Мое, кој го бара тоа од вашата рака, кога ќе згазнете на Моите дворови?

13Ос 2,11; Амос 5,21; Плач 2,6Не принесувајте веќе празни жрт­ви; кадењето е одвратно за Мене; ново­месечија, саботи и празнични собранија со беззаконија – не можам да трпам!

14Ер 15,6; 20,9Душата Моја ги мрази вашите но­вомесечија и вашите празници: тие се товар за Мене, тешко Ми е да ги носам.

1559,2-3; Ер 2,34; 14,12; Мих 3,4; Изреки 1,28И кога протегате раце, Јас ги кријам од вас очите Свои, а кога ги ум­но­жувате молбите свои, Јас не слушам: ра­цете ваши се полни со крв.

16Ер 4,4; Амос 5,14-15Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло;

172 Мојс 22,22; Ер 22,3; Пс 81,3-4; Јов 31,16-17научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувај­те сирак, застапувајте се за вдовица.“

Повик од Господ

18 43,26; Мих 6,2; Пс 31,1; 51,9 Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да би­дат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели.

193 Мојс 26,3-12; 5 Мојс 28,1-14; Ер 2,7; 1 Езд 9,12Ако Го барате и послушате, ќе ги јадете добрата земни;

2040,5; 58,14; 3 Мојс 26,25; 5 Мојс 32,42; Ер 2,30; 14,12; Мих 4,4ако, пак, не сакате и се противста­вувате, меч ќе ве истреби! Тоа го рече устата Господова.

Осуда на Ерусалим

21 Ер 2,20; Ез 16; 23; Пс 88,14; 97,2 Како справедливиот верен град Сион стана блудница? Во него царува­ше правда, а сега престојуваат убијци.

22Ер 6,29; Ез 22,18Среброто ти стана како згура, виното ти е со вода помешано;

23Ер 5,5; 6,28; Ез 22,27; Ос 9,15; Мих 3,11; 7,3твоите кнезови се престапници на законот и соучесници на крадци; сите тие сакаат подароци и лакомат за на­града; не заштитуваат сирак, и поплака на вдовица не стигнува до нив.

2447,4; 5 Мојс 32,41Затоа вели Господ, Господ Саваот, Јунакот Израилев: „О, ќе ја истурам ја­роста на противниците Свои и ќе им се одмаздам на непријателите Свои!

25Ер 2,22; Ез 22,18; Зах 13,9И ќе ја свртам против тебе раката Своја и како со пепелница ќе ја ис­чис­там од тебе згурата и ќе го одделам од тебе сето олово.

261,21; 56,5; 60,14; Зах 8,3И пак ќе поставам судии, како по­рано, и советници како отпрвин; тогаш ќе говорат за тебе: град на правда, вер­на престолнина!

Господ ќе го избави Ерусалим

27 33,5; 46,13; 58,2 Сион ќе се спаси преку праведен суд, и обратените негови – преку правда.

28Пс 72,27За сите отстапници и грешници – по­гибел, а оние, што Го оставиле Гос­пода, ќе бидат истребени.

29Ос 4,13Вие ќе бидете посрамени заради да­бовите што ги обожавате, ќе црвенеете од срам заради градините што сте си ги избрале;

3064,5; Пс 1,3зашто вие ќе бидете како даб, чиј лист свенал и како градина, во која нема вода.

31Ер 4,4; Амос 5,6И силниот ќе биде отпадок, а делото негово – искра; ќе горат заедно, – и никој нема да ги угасне.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help