Сирахова 49 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Јошијаху

1 32,5-6 Споменот за Јошијаху е како миризлив темјан, приготвен од вешт мироварец;

24 Цар 22–23; 2 Лет 34–35во секоја уста ќе биде сладок како мед и како музика на гозба при служење со вино.

3Тој направи сѐ за обраќањето на на­родот и ги истреби гнасотиите на беззаконието;

4кон Господа срцето свое го сврте и во тоа безбожно време побожноста се засили.

Последните јудејски цареви, пророкот Еремија

5 Варух 4,3 Освен Давид, Езекија и Јошијаху, сите тешко згрешија,

64 Цар 25,9; Ер 52,13; Плач 1,4; 2,3зашто тие го напуштија законот на Севишниот и јудејските цареви ги снема,

7Ер 1,5; 11,19; 20,1-2; 37,11-16; 38,4-13зашто силата своја им ја предадоа на други и славата своја – на туѓи народи.

8Ез 1–3; 9–10Избраниот град на светињата беше изгорен и улиците негови беа опусто­шени, како што претскажал Еремија.

9Него го жалостеа, иако тој беше ос­ветен за пророк, да искоренува, да со­бо­рува и да уништува, како и да гради и да сади.

Езекил

10 46,12 Езекил го виде јавувањето на славата, која му ја покажа Бог во херувимска кола;

11Агеј 2,23за непријателите напомнуваше во вид на дожд и добро им најавуваше на оние, кои ги исправуваа своите па­тиш­та.

Дванаесетте пророци

12 Агеј 1–2; 1 Езд 3,2–5,2 И дванаесетте пророци – коските да им процутат во нивните гробови! – Ја­ко­ва го утешуваа и го спасуваа со својата вистинска надеж.

Зоровавел и Исус

13 Неем 3–4; 6 И Зоровавел како да го просла­виме? И тој е како прстен на десната ра­ка,

1444,16; 1 Мојс 5,24; Евр 11,5а исто така и Исус, Јоседековиот син, тие во своето време изградија дом и го востановија светиот храм на Гос­по­да, за вечна слава предодреден.

Неемија

15 1 Мојс; 42–47; 50,18-21.25-26; Ис.Н. 24,32 Голем е споменот и на Неемија, кој ги изгради паднатите градски ѕидови и постави врати и резиња, а ги обнови и урнатите куќи.

Големите личности на древните времиња

16 1 Мојс 4,25-26; 5,6-8; 6,10; 9,18-27; 10,21-22; Јов 15,7; Лк 3,38 Немало на земјата никој од созда­де­ните како Енох; тој беше однесен жив од земјата,

17и не се родил маж како Јосиф, гла­ва на браќата, поткрепа на народот; и коските негови беа почитувани.

18И Сим и Сит меѓу луѓето беа сла­вени, но Адам е над сите живи созданија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help