Товит 14 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Последните совети на Товит и неговата смрт

1Товит заврши со славословот.

24,3; 12,6.8-9; 12,17-18.20; 14,11Беше на педесет и осум години кога ослепе, а по осум години пак прогледа. Продолжи да дава милостина и да Го страхопочитува Господа и да Го про­сла­вува.

31 Мојс 47,29; 3 Цар 2,1Најпосле, тој остаре многу и дожи­веа длабока старост, па го повика синот свој и неговите шеснаесет синови, и ре­че: „Синко, земи ги твоите синови: еве јас веќе остарев и веќе сум на крајот од мојот живот.

414,15; 4 Цар 25,9; Ис 64,10Пресели се во Мидија, синко, бидеј­ќи знам дека Ниневија ќе биде разурната, како што говореше пророкот Јона, а во Мидија ќе владее мир извесно време; нашите браќа, кои живеат во таткови­ната, ќе бидат распрснати и далеку од нашата убава земја; Ерусалим ќе опус­ти, а домот Божји што се наоѓа во него – ќе изгори и за некое време ќе биде пуст.

51,4; Ис 40–42; Агеј 2,9; 1 Езд 3,12Но Бог пак ќе се смилува и ќе ги врати во нивната земја, и тие тогаш ќе изградат храм, но не онаков каков што бил пред тоа, додека не се исполни оп­ределеното време. Потоа ќе се вратат од ропство и прекрасно ќе го изградат Еру­салим, а домот Божји во него ќе биде обновен за сите идни родови; тоа ќе биде великолепна зграда, како што говореа пророците за него:

6сите народи вистински ќе се обратат и ќе имаат свет страв пред Господ Бог и ќе ги искршат своите идоли;

73 Мојс 26,5; Ер 32,37; Ез 33,24; Пс 103,35сите народи ќе Го благословуваат Господа. Тогаш и Неговиот народ ќе Го прославува Бога, а Господ ќе го издигне народот Свој и ќе бидат радосни сите, кои вистински и праведно Го љубат Гос­под Бог и ќе бидат милостиви спрема своите браќа.

84,4; 4,19И така, синко, отиди од Ниневија, зашто ќе биде сѐ како што претскажа пророкот Јона.

9Ти, пак, пази ги Законот и за­по­ве­ди­те и биди милостив и справедлив за да ти биде добро.

102,10; 4,10; 12,9Погреби ме со почести, а покрај ме­не погреби ја твојата мајка, па потоа не ос­та­нувајте во Ниневија ни еден ден. Синко, гледај што му направи Аман на Ахијахар, кој го одгледа: како тој од светлина го фрли во темнина и како му беше вратено. Но сепак Ахијахар беше спасен, а оној доби заслужена казна – слезе во темнината. Манасија правеше милостина, и беше спасен од смртната мрежа, која му ја беа поставиле, но самиот Аман падна во мрежата и загина.

114,3; 14,12И така, деца мои, знајте каква сила има милостината и дека правдата спасува.“ И кога го рече тоа, ја испушти ду­шата своја. Тогаш беше на сто педесет и осум години, а неговиот син го погреба со почести.

124,4; 10,13; 14,4Кога умре и Ана, тој ја погреба по­крај татко си. Потоа Товија со жена си и со своите деца отиде во Екбатана кај својот тест Рагуил.

136,12Таму доживеа чесна старост, ги по­греба и тестот и тештата, па го наследи нивниот имот и имотот на својот татко Товит,

14а умре во Екбатана Мидиска кога имаше сто дваесет и седум години.

1514,4; Наум 3,19Пред да умре разбра за разурнува­њето на Ниневија, која ја разорија На­вуходоносор и Асиир, така што пред смрт­та се израдува над пропаста на Ниневија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help