1Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јаков.
252,6Ти им ги прости беззаконијата на Твоите луѓе, ги покри сите нивни гревови,
3го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој.
477,38Поврати нѐ, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас.
579,3Зар вечно ќе се гневиш на нас, или ќе го протегаш гневот Свој од род во род?
678,5Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да нѐ оживееш, и луѓето Твои да се зарадуваат во Тебе?
7Ис 43,4; 48,13-14; 53,6-7Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение.
8Ќе чујам што ќе ми рече Господ Бог, зашто Тој ќе зборува за мир на Својот народ и на Своите светии, и на оние што со срцето свое Му се обраќаат Нему.
9Да, спасението од Него е блиску до оние, кои се бојат од Него, за да ја насели славата своја во нашата земја.
102 Мојс 24,16; Ез 11,23; 42,2; Јн 1,14Милоста и вистината ќе се сретнат, праведноста и мирот ќе се целиваат.
1188,14; 96,2Верноста ќе изникне од земјата, а праведноста ќе се појави од небото.
12Ис 45,8Зашто Господ ќе даде добро и нашата земја ќе го даде својот плод;
1366,6; Ис 58,8; Зах 8,12праведноста ќе оди пред Него и на патот ќе ги става стапките свои.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
