1Мудроста на понизниот ја издигнува неговата глава и ќе го постави сред достоинственици.
Не суди според изгледот2 1 Цар 16,7; 2 Кор 10,10-11 Не фали го човека поради неговата убавина; а и поради неговиот изглед не презирај го.
3Мт 13,31-32Мала е пчелата меѓу крилестите суштества, но таа дава сладост најслатка.
4Пс 112,7-8Не фали се со твојата скапоцена облека и не гордеј се во денот на твојата слава; прекрасни се Божјите дела, иако се сокриени од луѓето.
510,14; Проп 4,14; 10,6-7Многу владетели имало на земјата; многумина непознати добиле круна.
6Многумина силни биле понижени и славни луѓе паѓале под туѓа власт.
7Додека не испиташ – не обвинувај, прво провери, па потоа укорувај.
8Изреки 18,14Не одговарај пред да ислушаш, сред разговор не мешај се.
9Изреки 3,30Не препирај се за работи што не те засегаат; во расправии меѓу грешници не мешај се.
Богатство и сиромаштија10 38,24; Изреки 6,29; Лк 10,41-42 Синко, не зафаќај се со многу работи; при многу работи нема да останеш без вина. Колку и да брзаш, сѐ нема да постигнеш и со бегање – нема да се спасиш.
11Пс 126,1-2; Изреки 11,24; 21,5Некој се труди, се измачува и брза, а сѐ повеќе заостанува.
12Соф 2,3Некој е слаб, потреба има од помош; сили нема и со неволји е затрупан,
13но Господ со милост го гледа за неговото добро, го подига од неговата понизност, ја подигнува неговата глава, поради што многумина му се восхитуваат.
14Ис 45,7; Јов 1,21; 2,10Доброто и лошото, животот и смртта, сиромаштијата и богатството – сѐ доаѓа од Господа.
15Господовиот дар е за побожните; Божјата милост вечно ќе им помага.
16Некој се збогатува со грижи и штедење; тоа е дел од неговата награда.
17Некогаш тој ќе рече: „Најдов мир и сега ќе му се радувам на моето богатство;“
18но тој не знае колку време тоа ќе трае; ќе дојде денот кога сето тоа на други ќе го остави и ќе умре.
Господ може да ги промени состојбите19 Пс 48,16-17; Јов 27,16-23; Проп 2,21-23; Лк 12,16-21 Остани тврд во заветот твој и живеј во него; во својата работа дочекај старост.
20На делата од грешникот не чуди се, верувај во Господа, истраен биди во твојата работа;
219,11; Пс 36,1; 73,3; Изреки 3,31; 23,17лесно Му е на Господа бргу и ненадејно да го збогати сиромавиот.
22Ос 14,6.8; Пс 71,7Благословот од Господа – награда е за побожниот; со благословот Негов брзо успева тој.
23Мт 6,25-26Не вели: „Што уште ми треба? И какви богатства отсега можам да очекувам?“
245,1; Лк 12,15-21Не вели: „Сѐ имам доволно, па какво ли зло по ова може да ме снајде?“
2518,25; Јн 16,21Во време на добро злото се заборава; во време на зло за добро не се зборува.
26Изреки 24,12Лесно Му е на Господа во смртниот час да го награди човекот според делата негови.
271,13И најмалото страдање ги потиснува насладите; во смртниот час се откриваат делата на човекот.
28Додека е жив – за никого не вели дека е блажен; по децата свои се познава човекот.
Избирање на познајници29Не примај секого во домот свој; на лукавиот разновидни се примките.
30На горделивиот срцето е како еребица во кафез; како шпион го следи твоето паѓање;
31го извртува доброто во зло; и на добрите им го оцрнува лицето.
32Изреки 1,11Од една искра станува огниште полно со жар, а грешникот мисли да пролее крв.
33Изреки 1,10-16Пази се од злосторник, зашто тој зло замислува; да не те посрамоти засекогаш.
34Примиш ли туѓинец во домот свој – неволји ќе ти донесе: на твоите домашни туѓинец ќе те направи.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.