1И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
22 Мојс 25,31-40; 27,20-21; 4 Мојс 4,16„Заповедај им на синовите израилски да земат чисто маслиново масло, исцедено за светење, та светлото да гори секогаш
32 Мојс 12,14пред завесата во скинијата на собранието, а ќе го пали Арон (и синовите негови) постојано пред Господ од вечерта, дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши.
42 Мојс 25,31На чист светилник распоредете ги светилата кои ќе горат постојано пред Господ;
Лебови на предложението5 2 Мојс 25,30; 1 Цар 21,4-6; Мт 12,4; Евр 9,2 и земете пченично брашно и измесете од него дванаесет лебови – секој леб да тежи по две десетини од ефа;
62 Мојс 25,23-30поставете ги во два реда, по шест во ред, на чистата трпеза пред Господ.
7И во (секој) ред ставете и чист темјан (и сол); и тоа нека биде крај лебовите како спомен – жртва за Господ.
82 Мојс 25,30; 4 Мојс 4,7; 1 Лет 9,32; Мт 12,5Секој саботен ден постојано да се принесуваат лебови пред Господ од синовите израилски: тоа е вечен завет.
9Мт 12,4; Мк 2,26; Лк 6,4Тие да му припаѓаат на Арон и на синовите негови за да ги јадат на свето место; тоа е голема светиња за нив од жртвите Господови, овековечена со закон.“
Казна за богохулник10Тогаш излезе синот на една жена Израилка, што го беше родила со Египќанец, меѓу синовите Израилеви и се скара со еден Израилец во населбата;
112 Мојс 3,15; 18,22; 20,7; 22,27; Јов 1,11и синот на Израилката похули на Името. И го доведоа кај Мојсеј; името на мајка му беше Шеломит, Дивриева ќерка од племето Даново;
122 Мојс 18,16па го ставија в затвор додека не се донесе за него пресуда според заповедта Господова.
13И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
145 Мојс 13,8; 17,5.7; 3 Цар 21,9-15; Дела 7,58„Изведи го оној што хулеше надвор од логорот, а сите што чуја, нека ги стават рацете свои врз главата негова и целиот народ нека го убие со камења,
15и кажи им на синовите израилски: секој што ќе похули на својот Бог, ќе го прими својот грев;
162 Мојс 21,12; 3 Цар 21,10.13; Мт 26,66и оној што ќе го навреди името Господово, треба да умре, со камења да го убие сиот народ; било да е тој придојден или тукашен, ако похули на името Господово, да умре.
172 Мојс 20,13; 21,12-14Кој ќе убие човек, да биде умртвен.
18Кој ќе удри добиток и тој умре, да го плати; добиток за добиток.
195 Мојс 19,16-21; Авд 1,15На оној, што ќе му нанесе повреда на ближен, да му се направи и нему она што го направил тој;
202 Мојс 21,23-25; Мт 5,38-42прелом за прелом, око за око, заб за заб; како што му нанел повреда на човек, така и нему да му се направи.
212 Мојс 22,14Кој ќе убие добиток, нека го плати, но кој удри човек и умре, да биде умртвен.
222 Мојс 12,49; 4 Мојс 9,14; 15,16; Ез 47,22Една правда да има како за придојден така и за тукашен, затоа што Јас сум Господ, вашиот Бог.“
23Така Мојсеј им зборуваше на синовите израилски. И го изведоа оној што беше похулил надвор од населбата и го убија со камења; синовите на Израил направија така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.