1Грижата за богатство телото го урива, копнежот по него – сонот го прогонува.
2Постојаните грижи не даваат дремка, а тешката болест сонот го одзема.
3Богатиот се трудел кога богатство собирал; кога се одмора се насладува со имотот свој.
4Сиромавиот се измачувал во немаштијата своја, а кога се одмора во беда запаѓа.
5Изреки 28,20Кој злато сака – не останува без грев; кој по гнилеж трча – со гнилеж се исполнува.
61 Тим 6,9Поради злато многумина паднале; неизбежна е нивната пропаст.
7Ез 7,19Тоа е дрво за сопнување на оние што жртви му принесуваат; секој неразумен лесно се сопнува.
8Блазе на богат што останал чист и кој по злато не трча.
9Но кој е тој, за да го прославиме? Тој направил чудо меѓу народот свој.
10Кој бил искушуван од него и останал невин? – Затоа му припаѓа секоја чест.
11Кој можел да греши, а не згрешил? Кој можел да направи зло, а не го направил?
122 Кор 9,8-11Богатството негово трајно ќе биде; собирот народен за добрините негови ќе зборува.
Кога ќе седнеш на трпеза...13Кога ќе седнеш на богата трпеза, не отворај го грлото свое широко кон неа, и не вели: „Многу има на неа!“
14Мт 6,23Помни дека лакомото око е големо зло.
15Има ли меѓу сѐ што е создадено нешто полошо од око лакомо? Затоа тоа солзи рони по сѐ што ќе види.
16Каде што тоа гледа, ти не пружај рака, не судрувај се во чинијата со него.
17Помисли за потребите на оној до тебе; за сѐ што правиш размислувај.
18Јади како човек што ти е принесено; не прејадувај се, за да не те намразат.
19Од пристојност прв престани да јадеш и не биди лаком, за да не ги соблазниш другите.
20Ако седиш со мнозина, прв рака пред нив не пружај.
21Изреки 13,25На добро воспитаниот и малку му е доволно; тој не се измачува на постелата своја.
2237,30Добар сон има оној кој умерено јаде; рано тој станува и полн е со свежина.
23Лаком човек од несоница, од мачнина и од болки во стомакот страда.
24Ако си се прејал, стани од трпезата и полесно ќе ти биде.
25Послушај ме, синко мој, не заборавај; отпосле зборовите мои ќе ги разбереш.
26Во сите работи претпазлив биди, и никаква болест нема да те снајде.
27Штедриот на леб сите ќе го фалат; траен е споменот за неговата добрина.
28Против стегнатиот на леб градот ќе негодува; за неговата стегнатост верно е сведоштвото.
Виното29 Ис 5,22; 28,1-4; Изреки 20,1; 23,20-21 Не покажувај јунаштина во виното, зашто виното многумина погубило.
30Како што во печката се проверува острицата на челикот, така во виното срцата на горделивите преку пијанството.
31Суд 9,13; Зах 10,7; Пс 103,15Виното е корисно за животот на човекот ако се пие умерено.
32Каков е животот без вино? Тоа е направено за веселба на луѓето.
3340,20Виното е радост за срцето и утеха на душата, ако се пие умерено и навреме,
34а жалост е за душата кога многу се пие, кога се пие со страст и гнев.
35Изреки 23,29.35Пијанството од виното ја зголемува жестокоста на неразумниот; силата негова ја одзема и му ги умножува раните.
36На гоштевка при вино не прекорувај го ближниот; ако е весел, не подбивај се со него,
37ништо лошо не зборувај му и не додевај му со барања.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.