Јован 19 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Исусовите страдања

1 . И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“

15Суд 8,23; 1 Цар 8,7Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!“ Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?“ Првосвештениците одго­во­рија: „Ние немаме цар, освен це­за­рот.“

16И тогаш им Го предаде за да биде распнат. И Го зедоа Исус, и Го поведоа.

Исусовото распнување(Мт 27,32-44; Мк 15,21-32; Лк 23,26-43)

17 1 Мојс 22,6 И носејќи го Својот крст, Тој излезе на местото наречено Черепница, а по еврејски Голгота;

18Ис 53,12таму Го распнаа, а со Него и други двајца, од едната и од другата страна, а насреде – Исус.

1918,33; Мт 2,23Пилат, пак, напиша и натпис, и го кладе на крстот. А беше напишано: „Исус од Назарет, цар Јудејски.“

20Евр 13,12-13Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото, каде што беше распнат Исус беше близу до гра­дот; а беше напишано на еврејски, грч­ки и латински.

21Првосвештениците, пак, јудејски му рекоа на Пилат: „Не пишувај: Цар Ју­дејски, туку дека Тој рече: Јас сум Цар Јудејски.“

22Пилат одговори: „Што напишав, на­пишав.“

232 Мојс 28,32А војниците, кога Го распнаа Ису­са, ги зедоа алиштата Негови и ги раз­де­лија на четири дела, на секој војник по еден дел и хитонот. Хитонот, пак, не бе­ше шиен, туку исткаен одозгора па до­долу.

24Пс 21,19Тогаш си рекоа: „Да не го раскинуваме, но да фрлиме за него ждрепка, чиј ќе биде“ – за да се збидне кажаното во Писмото: „Ги разделија алиштата Мои меѓу себе и за облеката Моја фрлија ждрепка.“ Така и направија војниците.

252,3; 20,1.18; Мк 15,40-41; Лк 2,5Покрај крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалена.

262,4; 13,23; 20,2; 21,20А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот кого посебно го љубеше, како стои, ѝ рече на мајка Си: „Жено, ете ти син!“

27Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!“ И од тој час ученикот ја зеде кај себе.

Исусовата смрт(Мт 27,45-56; Мк 15,33-41; Лк 23,44-49)

28 5,39; Пс 21,15 По ова, знаејќи Исус дека сѐ е свр­шено, за да се исполни Писмото, рече: „Жеден сум.“

292 Мојс 12,22; 3 Мојс 14,4; Пс 50,8; 68,22Таму стоеше сад, полн со оцет. Тие наквасија сунѓер во оцетот, го за­ка­чија на трска и Му принесоа до устата Негова.

301,33; 17,1.4; Јов 19,26-27; Мт 20,22; Лк 12,50; 2 Тим 4,7; Откр 15,1А кога вкуси Исус оцет, рече: „Се сврши!“ И кога ја наведна главата, го предаде духот.

Крв и вода

31 19,14; 2 Мојс 12,16; 5 Мојс 21,22-23; Гал 3,13 Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, зашто во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилат да им ги прекршат колената и да ги симнат.

32Тогаш дојдоа војниците и им ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беа распнати со Него.

33А кога дојдоа до Исус и го видоа дека беше веќе умрен, не Му ги прекр­шија колената;

343,5; 7,37-39; 1 Мојс 4,10; 1 Јн 5,6-8но еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и вода.

3515,26-27; 21,24И тој што виде – посведочи, и све­доштвото му е вистинско; и знае дека ја кажува вистината, за да поверувате вие.

362 Мојс 12,46; 4 Мојс 9,12; Пс 33,21Бидејќи ова стана за да се исполни Писмото: „Коска Негова нема да се прекрши.“

37Зах 12,10; Откр 1,7И друго Писмо пак вели: „Ќе погледнат на Оној Кого Го прободоа.“

Положувањето во гроб(Мт 27,57-61; Мк 15,42-47; Лк 23,50-56)

38 7,13 Потоа Јосиф од Ариматеја, кој беше Исусов ученик, но тајно, поради страв од Јудеј­ците, го замоли Пилат да го симне те­лото и Пилат му дозволи. Тој дојде и го симна телото Исусово.

393,1; 7,50; Пс 44,8; Изреки 7,17; Мт 2,11А дојде и Никодим, кој порано беше отишол ноќе кај Исус, и донесе околу сто литри смеса од смирна и алој.

40Мк 14,8Го зедоа телото Исусово и го завит­каа во платно со мирисите, како што е обичај кај Јудејците да погребуваат.

41На она место, каде што беше распнат, имаше градина и во градината – нов гроб, во кој уште никој не беше полаган.

42Таму Го положија Исус поради пе­токот јудејски, зашто гробот беше бли­зу.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help