Товит 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Товитовата молитва

1Тогаш се натажив, се расплакав од жалост и почнав да се молам, со овие зборови:

25 Мојс 32,4; Пс 118,137; 1 Езд 9,15; Неем 9,33„Господи, Ти си праведен, и сите Твои дела и сите Твои патишта се – ми­лост и вистина; Ти судиш со вистински и праведен суд со векови!

3Спомни си за мене и погледни ме милостиво: не казнувај ме за моите гре­вови, и за моите заблуди и за заблудите на моите предци што ги направиле тие пред Тебе.

45 Мојс 28,37; 3 Цар 9,7; Ер 24,9; Пс 43,13; 1 Езд 9,10; 3 Езд 4,23Бидејќи тие не ги послушале Твоите заповеди, и Ти ги предаде на грабеж, ропство и смрт и тие станаа пример за прекор пред сите народи меѓу кои сме расеани.

5Навистина, праведни се сите Твои судови – да постапуваш со мене според моите гревови и според гревовите на моите предци, затоа што не ги из­вршувале Твоите заповеди и не пос­та­пувале праведно пред Тебе.

61 Мојс 3,19; 4 Мојс 11,15; 3 Цар 19,4; Јов 7,15И затоа, постапувај со мене како што Ти е мило; заповедај да ми биде од­земен мојот дух за да се ослободам и претворам во земја: зашто е подобро за мене да умрам, отколку да живеам, би­дејќи слушам лажливи прекори и тагата моја е голема. Ослободи ме од таа те­жина за да појдам во вечното живе­а­лиште, и не свртувај го Твоето лице од мене.“

Неволјата на Сара

7Во истиот ден се случи и Сара, ќер­ката на Рагуил, во Екбатана Мидиска, да претрпи прекори од слугинките на својот татко,

86,14; 7,11; Мт 22,25-27затоа што се беше мажела седум­па­ти, но лошиот дух Асмодеј ги убивал пред да бидат со неа како со жена. За­тоа тие ѝ велеле: „Зар не те гризе совеста што си ги задавувала своите мажи? Веќе седуммина си ги имала, а не се нарече со името на ниеден од нив.

9Зошто нас да нѐ биеш за нив? Тие умреа, оди и ти по нив за да не видиме твој син или твоја ќерка довека.“

101 Мојс 37,35; 42,38; 44,29.31Кога го чула тоа, таа се натажила многу, така што решила да си го одземе животот, но си помислила: – мојот тат­ко ме има само мене; ако го направам тоа, за него ќе биде голем срам и ќе го огорчам мојот стар татко и ќе го однесам во царството на мртвите.

Сарината молитва

11 Дан 6,10 Па почнала да се моли покрај прозорецот, велејќи: „Благословен си, Гос­поди, Боже мој, и благословено е Тво­ето свето и славно име довека, нека Те благословуваат довека сите Твои дела!

12Сега ги свртувам очите мои и лицето мое кон Тебе, Господи;

13Ти се молам, земи ме од земјата и не дозволувај веќе да слушам прекори!

14Ти знаеш, Господи, дека сум чиста од секаков грев со маж,

154 Мојс 27,8дека не сум го обесчестила своето име, ни името на мојот татко; јас сум единствено чедо, тој нема син, кој би можел да го наследи, ни близок брат, ни син од брат, за кого би можела да се омажам. Веќе загубив седум мажи. Па зошто уште да живеам. Ако, пак, не Ти е угодно да ме убиеш, тогаш сврти го погледот кон мене и смилостиви ми се за да не слушам веќе прекори.“

Услишување на двете молитви

16 12,12.14-15 Двете молитви, истовремено, беа слушнати од Самиот Господ Бог и Бог го испрати ангелот Божји Рафаил да ги излечи;

17да му ги отстрани белите петна од очите на Товит, а Сара, ќерката на Ра­гуил, да му ја даде за жена на Товија, синот на Товит, но претходно да го врзе лошиот дух Асмодеј, зашто било предназначено да ја наследи Товија. – Во ед­но и исто време Товит, откако се врати, влезе во својот дом, а Сара, Рагуиловата ќерка, слегна од горната соба.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help