Михеј 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Зли водачи и лажни пророци

1 Ер 5,5; Ос 5,1 Потоа реков – чујте, поглавари Јаковови и кнезови на домот Из­раилев: зар вие не знаете што е право?

2Ис 5,20.23; Амос 5,15А вие го мразите доброто и го са­кате злото, ја дерете од нив кожата, и месото од коските нивни;

3Пс 13,4; 53,5јадете од телото на Мојот народ и ја дерете кожата нивна, а коските нивни ги кршите како за во сад, и ме­со­то нивно го дробите како за во котел.

45 Мојс 31,17; Ис 59,2; Ер 11,11И тие ќе викаат кон Господ, но Тој нема да ги чуе и ќе го сокрие лицето Свое од нив во тоа време, поради нивните злодела.

5Ер 6,14; 23,32; Ез 13,10.16Така вели Господ против проро­ци­те, кои го воведуваат во заблуда Мо­јот народ, кои кога имаат храна во устата проповедаат мир, а ако никој не им стави во уста ништо, против него објавуваат војна.

6Ер 23,12; Ез 7,26; Амос 8,9Затоа, место виденија, вие ќе гледате ноќ, место пророштво – темнина; и сонцето ќе зајде над тие пророци и денот ќе потемнее над нив.

7Зах 13,4Ќе се засрамат јасновидците, ќе бидат посрамени гледачите, и сите ќе ја затворат устата своја, зашто нема да добијат одговор од Бога.

8Но јас сум исполнет со силата на Духот Господов, со правда и цврстина, за да му ги кажам на Јаков прес­тапите и на Израил – гревот негов.

9Амос 5,7Чујте ме сега, поглавари на домот Јаковов, и кнезови на домот Изра­илев, вие, кои се гнасите од правдата и што искривувате сѐ што е право.

10Авак 2,12Вие, кои го градите Сион со крв и Ерусалим со неправда.

111 Цар 9,7; Ис 1,23; Ер 5,12; 7,3-4; Ез 13,19; Амос 9,10Поглаварите негови судат со поткуп, свештениците учат за да заработат, а пророците пророкуваат за пари, и сепак се повикуваат на Гос­под, велејќи: „Нели е Господ меѓу нас; затоа зло нема да нѐ постигне.“

121,6; Ер 9,11; 26,18Затоа поради вас Сион ќе биде разорен како нива, а Ерусалим ќе стане купиште од урнатини, и планината на тој дом ќе зарасне во шума.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help