3 Царства 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Соломоновите великодостоинственици и управители

1Царот Соломон беше цар над сиот Израил.

2И еве кои заземаа кај него високи должности: Азарија, син на свештени­кот Садок;

3Елихореф и Ахија, синови на Суса­ким – писари; Јосафат, Ахилудов син – летописец;

4Ванеја, Јехојадаевиот син, – начал­ник на војската, Садок и Авијатар – свештеници;

52 Цар 15,37Азарија, Натановиот син, – начал­ник на управителите, и Завуд, син на Натан, – свештеник и советник на ца­рот;

6Ахишар, – управник на царскиот дом, а Хадорам, – син Авдин – на дано­ците.

7Соломон имаше дванаесет управници над сиот Израил, кои му доставуваа храна на царот и на неговиот дом; секој беше должен да доставува храна за по еден месец во годината.

8Еве ги имињата нивни: Бен-Хув – на Ефремовата Гора;

9Бен-Декер – во Макац и во Шаалевим, во Ветсамис, во Елон, во Бет-Ха­нан;

10Бен-Хесед – во Арубот; нему исто така му припаѓаше Сохо и целата земја Хеферова;

11Бен-Аминадав – над целата област Дор; а Тафат, Соломоновата ќерка, бе­ше негова жена;

12Баана, Ахилудовиот син, во Танах и Мегидо, и во целиот Бет-Шан кој е близу до Царетан под Јизреел, од Бет-Шан до Авел-Мехола, и дури зад Јокмеам;

134 Мојс 32,41; 5 Мојс 3,14; Ис.Н. 13,30Бен-Гевер – во Рамот Галаадски; нему му припаѓаа селата на Јаир, Мана­сиев син, кои се во Галаад; нему му припаѓаше и областа Аргов, во Башан, шеесет големи градови со ѕидови и бакарни резиња;

14Ахинадав, Идов син, во Маханаим;

15Ахимаац, во земјата Нефталимова; тој си ја беше земал за жена Басемата, Соломонова ќерка;

16Баана, син на Хушај, во земјата Асирова и во Беалот;

17Јосафат, син на Паруах, во земјата Исахарова;

18Семеј, синот на Ила, во земјата Венијаминова;

19Гевер, Уриев син, во земјата Га­лаадска, во земјата на аморејскиот цар Сион, и на башанскиот цар Ог. Тој беше управник на таа земја.

Успех на Соломоновото владеење

20 1 Мојс 22,17 Јудејците и Израилците, бидејќи многубројни како песокот крај морето, јадеа, пиеја и се веселеа.

211 Мојс 15,18; 2 Лет 9,26Соломон владееше со сите царства од реката Еуфрат до филистејската земја и до границата на Египет. Тие принесуваа дарови и му служеа на Со­ломон во сите дни на неговиот живот.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help