1Еден ден, додека Тој го поучуваше народот во храмот и го проповедаше Евангелието, пристапија првосвештениците и книжниците со старешините
2Јн 2,18; Дела 4,7и Му рекоа, велејќи: „Кажи ни, со каква власт го вршиш тоа, или кој е тој што Ти ја дал таа власт?“
3А Тој им одговори и рече: „Ќе ве прашам и јас еден збор, и кажете ми:
411,16; Мт 3,6; Дела 10,37Дали крштевањето Јованово беше од небото, или од луѓето?“
5Мт 21,32А тие почнаа да размислуваат и да си зборуваат меѓу себе: „Ако кажеме – од небото, ќе рече – Зошто не му поверувавте?
6Мт 14,5Ако, пак, речеме – од луѓето, тогаш сиот народ ќе нѐ каменува, бидејќи е уверен дека Јован беше пророк.“
7Затоа одговорија: „Не знаеме од каде е.“
8Исус им рече: „Ниту Јас нема да ви кажам со каква власт го вршам тоа.“
Парабола за немилосрдните лозари(Мт 21,33-46; Мк 12,1-12)9 Ис 5,1; Мт 25,14 И почна да му ја раскажува на народот оваа парабола: „Еден човек насади лозје и го предаде на лозари, па си замина на подолго време.
102 Лет 36,15-16А во свое време испрати кај лозарите еден слуга за да му дадат од родот на лозјето; но лозарите го натепаа и го пуштија празен.
11И прати повторно друг слуга: но тие и него го натепаа и го посрамија, па го испратија празен.
12Испрати и трет, а тие и него го ранија и го избркаа.
133,22Тогаш господарот на лозјето рече: ‚Што да направам? Ќе го испратам својот возљубен син, можеби кога ќе го видат, ќе се засрамат.‘
14Но лозарите, штом го видоа, си размислуваа меѓу себе, велејќи: ‚Овој е наследникот! Ајде да го убиеме и нам да ни остане наследството!‘
15И кога го изведоа надвор од лозјето, го убија. Што ќе им направи, пак, господарот на лозјето?
16Дела 13,46; 28,28Ќе дојде и ќе ги погуби овие лозари, а лозјето ќе го предаде на други.“ А оние што слушаа, рекоа: „Да не даде Бог!“
17Пс 117,22; Ис 28,16; Дела 4,11; 1 Птр 2,7Но Тој, кога ги погледна, им рече: „Што значи тогаш напишаното: ‚Каменот што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник‘.
18Ис 8,14-15Секој што ќе падне врз тој камен, ќе се разбие; а врз кого тој ќе падне, ќе го здроби.“
За данокот(Мт 22,15-22; Мк 12,13-17)19 19,47; 22,2; Мт 14,5; Дела 5,26 И во тој час првосвештениците и книжниците сакаа да стават рака на Него, но се плашеа од народот; зашто сфатија дека за нив ја кажа оваа парабола.
2011,54; 16,15И дебнејќи Го, испратија и лукави луѓе, кои се преправаа дека се праведни, за да Го фатат во некој збор и да можат да Го предадат на началството и на власта управникова.
213 Мојс 19,15; Пс 26,11; 50,15; Дела 9,2; 10,34; Гал 2,6; Јк 2,1И Го прашаа, велејќи: „Учителе, знаеме дека право зборуваш и учиш, и не гледаш кој е кој, туку вистински поучуваш за патот Божји.
22Рим 13,6Позволено ли ни е да му даваме данок на царот или не?“
23А Тој го разбра нивното лукавство и им рече: „Зошто Ме искушувате?
24Покажете ми еден денариј: Чија слика и натпис стои таму?“ Тие одговорија: „На царот.“
2523,2; Рим 13,7Па им рече: „Подајте го царевото на царот, а Божјото на Бога!“
26И не можеа да фатат нешто во Неговите зборови пред народот, туку само се зачудија на одговорот Негов и замолкнаа.
Прашање за воскресението на мртвите(Мт 22,23-33; Мк 12,18-27)27 Дела 4,1-2; 23,8; 1 Кор 15,12 Тогаш пристапија некои од садукеите, што тврдат дека нема воскресение, па Го прашаа,
281 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5велејќи: „Учителе, Мојсеј ни напиша: Ако некому умре брат, кој имал жена и умрел бездетен, брат му да ја земе жената и да го подигне потомството на својот брат.
29Си беа седум браќа. Првиот ја зеде жената и умре без деца.
30Жената ја зеде вториот, но и тој умре без деца.
31Потоа ја зеде и третиот, а така исто и сите седуммина не оставија деца и умреа.
32По сите нив, умре и жената.
33При воскресението, пак, на кого од нив таа ќе му биде жена, бидејќи седуммина ја имаа за жена?“
3417,27; Мт 24,38Им одговори Исус и рече: „Синовите од овој свет се женат и мажат;
35Фил 3,11но оние што ќе бидат удостоени да го добијат оној свет и воскресението од мртвите, ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат;
361 Јн 3,2всушност, тие веќе не можат да умрат, затоа што се како ангели, а бидејќи се синови на воскресението, тие се синови Божји.
372 Мојс 3,6; Дела 3,13; Рим 6,10-11А дека мртвите ќе воскреснат, тоа го покажа и Мојсеј кај капината, кога Го нарече Господ – Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.
38Дела 17,28; Рим 14,8-9А Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него се сите живи.“
39Мк 12,28А некои од книжниците одговорија и рекоа: „Учителе, добро рече!“
409,45И повеќе не се осмелуваа за ништо да Го прашаат. А тој им рече:
Месијата и Давид(Мт 22,41-46; Мк 12,35-37)41„Како, пак, велат дека Христос е син Давидов?
42Пс 109,1; Дела 2,34-35; 1 Кор 15,25 Та и самиот Давид вели во Книгата на псалмите: ‚Му рече Господ на Мојот Господ: седи од Мојата десна страна,
43додека не ги положам непријателите Твои во подножјето на нозете Твои!‘
44Значи Давид Го нарекува Господ. Па како тогаш може да му биде син?“
Исусовиот суд за книжниците(Мт 23,1-36; Мк 12,38-40)45И додека сиот народ слушаше, Тој им рече на учениците Свои:
4611,43„Чувајте се од книжниците што милуваат да одат во долги облеки и сакаат поздрави по пазариштата, предни места во синагогите и да се први на гозбите;
47што ги подјадуваат домовите на вдовиците и лицемерно долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.