Проповедник 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1Подобар е добар глас, отколку скапоцено масло, и смртниот ден – од родениот ден.

2Подобро е да одиш во куќа каде што плачат по умрен, отколку да отидеш во куќа, каде што има веселби и гозби, зашто таков е крајот на секој човек, и живиот ќе го приложи тоа кон срцето свое.

3Тагата е подобра од смеата; зашто, кога е лицето нажалено, срцето станува подобро.

4На умните срцето им е во куќата, каде што плачат, а на безумните во ку­ќа, каде што се веселат.

5Подобро е да слушаш прекор од му­дар, отколку да слушаш пофалби од глупав;

6зашто смеата на безумните е како прскање на трње под котел. И тоа е суета!

7Угнетувањето на другите го прави мудриот безумен, а подароците го ра­си­пуваат срцето.

8Изреки 16,32Крајот на една работа е подобар од нејзиниот почеток; трпеливиот е подобар од горделивиот.

95,16; Изреки 22,24; Јк 1,19-20Не станувај со духот свој брз на гнев, зашто гневот се крие во срцето на без­умните.

10Сир 39,34Не вели: „Зошто поранешните дни биле подобри од сегашните?“, бидејќи не е мудро да прашуваш за тоа.

11Добра е мудроста, како и наследството, особено за оние, што го гледаат сонцето,

128,13зашто под нејзината сенка е исто, како под сенката на сребро; но предимството на знаењето е во тоа, што муд­роста му дава живот на оној, што ја има.

131,15Погледај ги Божјите дела: кој може да го исправи она, што Бог го направил криво?

14Во добро време ползувај се со доб­рото, а во зли дни размислувај: едното и другото го направил Бог, за да не може човекот да каже ништо против Него.

153,19Се нагледав на сѐ во моите суетни дни: праведниот загинува со својата праведност; безбожниот и натаму жи­вее и покрај безбожноста своја.

16Немој да бидеш премногу строг и немој да се покажуваш за многу умен, зошто да се уништуваш?

17Не предавај се на грев и не станувај безумен; зошто да умреш предвреме?

18Добро е, ако се држиш за едното, но и друго да не испушташ од раката своја; зашто, кој има страв од Бога, ќе се избави од сето тоа.

199,16Мудроста го прави мудриот поси­лен од десет кнезови што се во градот.

20Јов 14,4; Сир 8,5; 1 Јн 1,8-9Нема праведник на земјата, кој пра­ви добро и никако да не греши;

2110,20затоа не обрнувај внимание на секој збор, што се кажува, за да не го чуеш и слугата свој, кога те навредува;

22зашто срцето твое знае за многу случаи, кога и ти самиот си навредувал други.

23Сето тоа го испитав со мудрост; јас реков: „Ќе бидам мудар“, но мудроста е далеку од мене.

24Далеку е тоа што се случило и мно­гу длабоко: кој ќе го пронајде?

251,13Се свртев со срцето свое, за да ги дознаам, изучам и истражам мудроста и разумот, и да го познаам безумието на безбожниот, и незнаењето, и лукавството,

26Суд 16; 1 Цар 15,32; Изреки 22,14и разбрав дека погорчливо од смртта е жената, зашто таа е мрежа, срцето нејзино – стапица, рацете нејзини – око­ви; добриот пред Бога ќе се спаси од неа, а грешникот ќе биде уловен од неа.

27„Ете, тоа открив јас – рече Про­по­ведникот – испитувајќи едно по друго.“

28Изреки 20,6Што уште бараше душата моја, и не го најде? – Маж најдов еден на илјада, но жена меѓу сите нив не најдов.

29Само, ете, тоа го открив дека Бог го создаде човекот едноставен и добар, но тој самиот си создава проблеми.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help