Песна над песните 7 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 1 Мојс 32,2; Ис.Н. 13,26 Хорот: Сврти се, сврти се Сула­митко, сврти се, сврти се, да те по­гле­даме! Возљубениот: Зошто сакате да ја гледате Суламитката, како на оро манаимско?

2Хорот: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита! Об­лите колкови твои се како прстени, направени од рацете на вешт уметник,

3папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја – ку­па пченица, опкружена со кринови;

44,5двете твои гради – како две јаренца, како близначиња на срна.

51,10; 4,8; 4 Мојс 21,27; Ис 15,4Вратот твој – како столб од слонова коска; очите твои – хешбонски езерца кај Бат-Рабимските порти; носот твој – леванонска кула, свртена кон Дамаск;

6Ис.Н. 19,26; Ис 35,2; Ис 25,4; 1,4главата твоја на тебе – како Кармел; а косата на главата твоја – како пурпур; и царот се заплетка во нејзините пле­тенки.

71,15-16Возљубениот: О, колку си убава, о, колку си заносна, возљубена моја, со твојата убавина!

8Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради – на гроздови.

9Изреки 5,19; 2,3Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и тво­и­те гради би биле место гроздови, и ми­ри­сот од твоите ноздри – како мирис на јаболко;

105,1; 1,4устата твоја е како најдобро вино. Возљубената: Тоа тече право кон воз­љу­бениот мој, и тече нечујно преку усните кои спијат.

112,16; 1 Мојс 3,16Јас припаѓам на возљубениот мој, и тој копнее по мене.

Среќата да бидеш љубен

12 4,7; 2,10 Дојди, мил мој, да излеземе во полето, да ноќеваме во селските колиби;

136,11; 1,2утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли ка­лин­ките; таму ќе те опсипам со милувања.

144,13.16; 3 Мојс 26,10Мандрагорите веќе шират пријатен мирис, и до вратата наша има секакви најубави плодови, нови и стари; кои ги зачував за тебе, мил мој!

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help