1 3 Цар 13,22; Варух 2,24 Во тоа време, вели Господ, ќе ги исфрлам од гробовите коските на царевите на Јуда, и коските на кнезовите негови, и коските на свештениците, и коските на пророците, и коските на жителите ерусалимски.
27,18; 4 Цар 17,16; 21,3И ќе ги расфрлат пред сонцето и месечината и пред сета небесна војска, кои тие ги сакаа, на кои им служеа и по кои одеа, кои ги бараа и на кои им се поклонуваа; нема да се соберат и нема да се погребат; тие ќе бидат ѓубриво на земјата.
3Јов 3,21; Откр 9,6И ќе претпочитаат смрт пред животот сите оние, што ќе останат од тоа лошо племе по сите страни, каде што Јас ќе ги изгонам, вели Господ Саваот.
Народот на погрешен пат4 Рим 11,11 И кажи им уште; вака вели Господ: зар паднатите не стануваат, и оние што скршнале од патот не се враќаат?
5Зошто се свртел овој народ ерусалимски? Тие се држат цврсто за измамата и не сакаат да се обратат.
67,24Јас набљудував и слушав: тие не говорат право, никој не се кае за злото свое, никој не вели: „што направив“; секој тргнал по својот пат, како коњ што се впушта во бој.
76,10; 9,23; 5 Мојс 32,6И штркот под небото ги знае своите определени времиња; гугутката, ластовицата и жеравот го пазат времето кога мораат да се вратат, а Мојот народ не знае за уредбата Господова.
8Како зборувате: „Ние сме мудри и законот Господов е во нас?“ А, ете, лажливото перо на книжниците и него го претвораат во лага.
9Јов 5,13; Рим 2,17-25; 1 Кор 1,19-20Се посрамија мудрите, се стаписаа и се заплеткаа во мрежа: ете, тие го отфрлија словото Господово; каде е тогаш нивната мудрост?
10Ез 22,27; Авак 2,9Поради тоа жените нивни ќе им ги дадам на други, нивите нивни – на туѓинци, зашто сите од мал до голем, се предадоа на користољубие; од пророк до свештеник – сите се измамници!
11Зашто, лекувајќи ја лесномислено раната на ќерката на Мојот народ, велат: „Мир, мир“, а мир нема.
12Срам ли им е, кога вршат гадотии? Не, воопшто не им е срам и не црвенеат. Затоа ќе паднат меѓу паднатите; кога ќе ги посетам, тие ќе бидат соборени, вели Господ.
13Соф 1,2; Авак 3,17; Ис 1,30Наполно ќе ги оберам, вели Господ; нема да остане ни еден грозд на лоза, ни смоква на смоквата, ќе паднат лисјата, и она што сум им го дал, ќе се одземе од нив.
Казните врз народот14 9,14; Плач 3,15.19 „Зошто стоиме? Собирајте се да одиме во утврдените градови и таму да загинеме; зашто Господ, нашиот Бог, определил да загинеме и ни дава да пиеме отровна вода, затоа што згрешивме пред Господ.“
1514,19; Ез 7,25Очекуваме мир, но нема ништо добро, – време за оздравување, а ете ужаси.
16Пс 23,1Од Дан се слуша фучење на коњите негови, од 'ржењето на пастувите негови трепери целата земја; ќе дојдат и ќе ја опустошат земјата и сѐ што има на неа, градот и оние што живеат во него.
174 Мојс 21,6; 5 Мојс 32,24; Мудр 11,15Зашто, ете, Јас ќе испратам против вас змии отровници, против кои бајачка нема, и тие ќе ве каснуваат, вели Господ.
Еремија тагува по својот народ18Сакам да се утешам во тагата своја, но срцето ми е малаксано.
19Ете, слушам од далечна земја пискот од ќерката на Мојот народ: „Зар нема Господ на Сион? Зар Царот негов не е таму? – Зошто ме разгневија со своите резани ликови, со туѓи идоли?“
20Мина жетвата, сврши летото, а ние не се избавивме.
214,6.20; 6,1; 10,19Поради уништувањето на ќерката на Мојот народ и јас сум уништен, одам нажален, ужас ме обзема.
22Зар нема балсам во Галаад? Зар таму нема лекар? И зошто нема лек за ќерката на Мојот народ?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.