Марко 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Свеченото влегување во Ерусалим(Мт 21,1-11; Лк 19,28-40; Јн 12,12-19)

1 13,3; 14,26; Зах 14,4; Лк 21,37; Јн 8,1; Дела 1,12 И кога се приближи до Еру­салим, во Витфагија и Витанија, кај Маслиновата Гора, испрати Исус двајца од учениците Свои,

2Зах 9,9и им рече: „Одете во селоно, што е наспроти вас, па штом ќе влезете во не­го, ќе најдете врзано младо магаре, што ниеден човек не го јавал; одврзете го и доведете го!

3И, ако ви рече некој: ‚Зошто го пра­вите тоа?‘ Кажете дека Му е потребно на Господа; и тој веднаш ќе го прати ту­ка.“

4Тие отидоа и го најдоа младото ма­га­ре, врзано за портата однадвор, на крстопатот и го одврзаа.

5И некои од оние, што стоеја таму, им рекоа: „Што правите? Зошто го од­врзувате магарето?“

6А овие им одговорија, како што им беше заповедал Исус и тие ги оставија.

7И го доведоа младото магаре кај Ис­ус, ги кладоа врз него алиштата свои и Тој седна на него.

8И мнозина ги постилаа своите облеки по патот. А други, пак, сечеа гран­чиња од дрвјата и ги постилаа по патот.

9Пс 117,25.26; Мт 21,15; 23,39А оние, што одеа пред Него и по Не­го, викаа и велеа: „Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово!

102 Цар 7,16; Пс 147,1; Јов 16,19; Лк 1,32-33Благословено е царството на наши­от татко Давид, кое иде во името Гос­по­дово! Осана во висините!“

11И влезе Исус во Ерусалим, во хра­мот, разгледа сѐ, па, бидејќи веќе беше доцна, излезе и отиде со дванаесетмината во Витанија.

Смоквата што не дава плод(Мт 21,18-19)

12А утредента, кога излегоа од Ви­та­нија, Тој огладне;

13Ер 8,13; Мих 7,1; Лк 13,6и откако оддалеку виде една смоква, покриена со лисја, се приближи, не би ли нашол нешто на неа; но, кога се доб­лижи до неа, не најде ништо освен лис­ја, зашто уште не беше времето за смокви.

1411,20И проговори Исус и ѝ рече: „Отсега никој довека да не вкуси плод од тебе!“ И го чуја тоа учениците Негови.

Исус во храмот(Мт 21,12-17; Лк 19,45-47; Јн 2,13-22)

15 11,27; Јн 2,14-15 И пак дојдоа во Ерусалим. И откако влезе Исус во храмот, почна да ги брка оние, што продаваа и купуваа во хра­мот, и им ги преврте масите на менува­чите на пари и столовите на оние, што продаваа гулаби;

16и не дозволуваше никој преку хра­мот да пренесе каков и да било сад.

17Ис 56,7; Ер 7,11; Мт 21,13; Лк 19,46; Јн 2,16И ги поучуваше, велејќи: „Не е ли напишано: ‚Домот Мој, дом за молитва на сите народи ќе се нарече‘? А вие од него направивте разбојничко гнездо!“

181,22; 6,2; Мт 14,5; 21,46; Лк 22,2И кога го чуја тоа книжниците и првосвештениците, гледаа како да Го погубат, бидејќи се плашеа од Него, зашто сиот народ се восхитуваше на Неговото учење.

19Мт 21,17А кога се стемни, Тој излезе надвор од градот.

Лекција за смоквата(Мт 21,20-22)

20 11,14 Утредента, минувајќи, ја видоа смоквата исушена откорен.

21И кога се сети, Петар Му рече: „Рави, погледај! Смоквата, што ја про­колна, се исушила!“

22Јн 14,1А Исус им одговори и рече:

239,23; Мт 8,10; 17,20„Имајте вера во Бога. Зашто, вистина ви велам, ако некој ѝ рече на оваа планина: ‚Дигни се и фрли се в море!‘ и не се посомнева во срцето свое, туку по­ве­рува дека ќе биде како што рекол, ќе му се исполни, што и да каже.

24Ер 29,12; Мт 18,19; Јн 11,22Затоа ви велам: сѐ што ќе побарате во молитва, верувајте дека ќе го добиете – и ќе ви биде.

25Мт 5,23-24; 6,14; Ефес 4,32; Кол 3,13И кога стоите на молитва, прос­ту­вај­те, ако имате нешто против некого, па и вашиот Отец, Кој е на небесата, да ви ги прос­ти вашите грешки.

26Мт 6,15; 18,35Ако ли, пак, вие не простувате, и вашиот Отец, Кој е на небесата, нема да ви ги прости грешките ваши.“

Исусовата власт(Мт 21,23-27; Лк 20,1-8)

27 8,31; 14,43.53; 15,1; Мт 27,41; Дела 4,5 И пак дојдоа во Ерусалим; а кога одеше низ храмот, пријдоа до Него првосвештениците, книжниците и старешините,

28па Му рекоа: „Со каква власт го правиш тоа? Или, кој Ти ја дал таа власт, да го правиш ова?“

29Исус им одговори и рече: „Ќе ве прашам и Јас за нешто и одговорете Ми, а потоа и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам ова.

30Мт 3,6Крштевањето Јованово од небото ли беше, или од луѓето? Одговорете Ми!“

31Мт 21,32; Лк 7,30А тие си мислеа во себе и велеа: „Ако кажеме ‚Од небото‘ – ќе рече: ‚Па зошто не му поверувавте?‘

32Мт 14,5Но, ако кажеме, ‚Од луѓето‘“ – се плашеа од народот; зашто сите го сме­таа Јован за вистински пророк.

33И одговарајќи Му на Исус, рекоа: „Не знаеме.“ А Исус им одговори и ре­че: „Ниту јас не ви кажувам, со каква власт го вршам ова.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help