Проповедник 8 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 Сир 13,25 Кој е како мудриот, и кој го разбира значењето на работите? Мудрос­та на човек му го просветлува лицето негово, и строгоста на лицето негово се изменува.

Мудро е да се биде послушен спрема царот

2 2 Мојс 22,11; Рим 13,1 Јас (велам): пази го царскиот збор, и тоа – поради клетвата пред Бога.

310,4Не брзај да бегаш од лицето негово и не биди тврдоглав во лошите работи; зашто, тој што ќе посака, сѐ може да направи.

4Ис 45,9; Јов 9,12Каде што е зборот на царот, таму е и власта; и кој ќе му каже: „Што пра­виш?“

512,13; Изреки 19,16Кој пази заповед, тој не доживува никакво зло: срцето на мудриот знае и време и наредба;

63,1зашто за секоја работа има свое вре­ме и свој суд; а за човекот е голема нес­реќа,

710,14што не знае, што ќе биде и како ќе биде тоа; а кој ќе му каже?

8Мудр 2,1Ниеден човек нема власт над духот, за да го задржи духот, и нема власт над смртниот ден – нема избавување од таа работа; ниту безбожникот ќе го спасат неговите лоши дела.

Размислувања за човековото однесување

9Сето тоа го видов, и го свртувам ср­цето свое кон секоја работа, што се вр­ши на земјата. Понекогаш човекот гос­подари над човек на своја штета.

109,5; Јов 21,32-33Видов тогаш како погребуваат без­божни; од нив беше преполн храмот. Во Ерусалим го беа заборавиле нивното безбожно однесување. И тоа е суета!

119,3Бидејќи не се врши суд над лошите работи, затоа не се плаши срцето на си­новите човечки да прави зло.

123,14Иако некој грешник врши стопати зло, судот му се одолжува; но јас знам дека ќе им биде добро само на оние, што имаат страв од Бога, кои со почит стојат пред лицето Негово;

13а за безбожниот нема да има добро, и како сенка, само кратко време, ќе преуспее оној, кој не се плаши пред Бога.

143,19Има и таква суета на земјата: пра­ведните ги постигнува она, што би ги заслужиле делата на безбожниците, а со безбожните станува она, што би го заслужиле делата на праведните. А јас си реков: и тоа е суета!

152,24; 9,7; 11,9И ја пофалив јас веселбата; зашто нема подобро за човекот на земјата од тоа да јаде, да пие и да се весели; тоа го придружува човекот во трудовите не­го­ви преку дните на животот негов, што му го дал Бог на земјата.

161,13; 2,23Кога го насочив срцето свое кон тоа, да постигнам мудрост и да ги разгледам работите, што се вршат на земјата, и поради кои на човекот не му доаѓа сон ни дење ни ноќе, –

173,11тогаш ги видов сите дела Божји и разбрав дека човекот не може да ги сфати работите, што се вршат на земјата. Колку и да се труди човекот да ги проучува, пак нема да го постигне тоа. Дури и мудрец тоа не може да го от­крие, иако мисли дека знае.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help