Софонија 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Суд за Јудеја

1 Ер 1,2 Словото Господово упатено до Софонија, синот на Кушиј, син Ге­далиев, син Амариев, син Езекиин, во деновите на Јошија, син Амонов, цар јудејски.

2Ер 8,13Сѐ ќе истребам од земјата, вели Господ;

3Ер 7,20; Ос 4,3ќе ги збришам луѓето и животните, ќе ги истребам птиците небески и рибите морски и ќе направам да паднат безбожниците; ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата, вели Господ.

44 Цар 23,4-5.12; Ез 6,14И ќе ја протегнам раката Своја врз Јудеја и врз сите жители на Еру­са­лим; ќе ги истребам од тоа место ос­татоците на Ваал, името на слу­жи­те­лите негови со свештениците негови,

55 Мојс 4,19; 3 Цар 11,7.33; 4 Цар 21,3-5; 23,13; Ер 19,13и оние, кои на покривите се поклонуваат на небесната војска, и од поклониците оние што се колнат во Господ, но се колнат и во својот цар,

6како и оние, што отстапија од Гос­под, не Го бараат Господа ниту пра­шуваат за Него.

7Јоил 1,15; Авак 2,20; Зах 2,13; Откр 8,1Замолкни пред лицето на Господ Бог, зашто близу е денот Господов. Веќе го приготви Господ жртвеното клање, ги определи и гостите свои.

82 Мојс 3,16Во денот на жртвата Господова, Јас ќе ги казнам кнезовите, синовите на царот и сите, што се облекуваат во облеки на туѓинци;

9ќе ги казнам во оној ден сите, кои го прескокнуваат прагот, што го исполнуваат домот на својот Господ со насилство и измама.

104 Цар 22,14; Неем 3,3И во тој ден, вели Господ, ќе има вик кај Рибните Порти и ридање во новиот дел на градот, а и големо уривање на ридови.

11Зах 14,21Плачете жители на Махтеш, зашто загинаа сите трговци; истре­бе­ни се сите што мерат сребро.

12Ис 45,7; Ер 5,12; Пс 9,24; 14,1; Плач 3,38А во тоа време Јас ќе го прегле­дам Ерусалим со светило и ќе ги казнам оние, кои седат на своите остатоци и велат во срцето свое: „Господ не прави ни добро ни лошо“;

135 Мојс 28,30-33; Амос 5,11; Мих 6,15пак ќе станат богатствата нивни пљачка и куќите нивни ќе се запустат; иако градеа куќи, тие нема да живеат во нив; садеа лоза, но вино нема да пијат од неа.

Страшниот ден

14 4 Мојс 10,35; Ис 42,13; Ер 30,7; Јоил 1,15 Близу е денот велик на Господ, близу е – и брзо доаѓа. Горчлив е гла­сот на денот Господов, ќе завика то­гаш дури и најхрабриот.

15Јоил 2,2; Амос 5,18Тој ден е ден на гнев, ден на жа­лост и на мачнотија, ден за запустување и уривање, ден на темнина и на мрак, ден облачен и маглив,

16Ис 2,15; Јоил 2,1ден на труба и на боен повик против утврдените градови и високите кули.

175 Мојс 28,28-29; Ис 5,25; Ер 9,22И Јас ќе ги притеснам луѓето, и тие ќе се тетерават како слепи, зашто згрешија против Господ, и растурена ќе биде крвта нивна како прав, и телата нивни како смет.

185 Мојс 4,24; Ис 10,23; Ез 7,19; Изреки 11,4Ни среброто нивно, ниту златото нивно не ќе може да ги спаси во денот на гневот Господов, а од огнот на ревноста Негова ќе биде уништена целата земја, и тоа ќе биде ненадеен крај на сите жители нејзини.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help