Второзаконие 28 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Ветувања за благослов

1 довека.

47Зашто ти не Му служеше на Гос­под, твојот Бог, со весело и радосно срце, поради изобилството во сѐ,

48ти ќе му служиш на непријателот свој, што ќе ти го испрати Господ, во глад и жед, во голотија и во секаква скудност; тој ќе ти става на вратот же­лезен јарем, додека не те уништи.

49Ер 5,15-17Ќе испрати Господ против тебе народ оддалеку, од крајот на земјата; како орел ќе се спушти народот чиј јазик ти не го разбираш,

50народ бездушен, кој не сака ни старо да почитува, ниту младо да поми­лува,

51и ќе го јаде тој плодот од добитокот твој и плодот од земјата твоја; нема да ти остави ни жито, ни вино, ни масло, ниту од говедата твои, ниту од овците твои, додека не те погуби;

52и ќе те притеснува во сите твои градови, додека не ги разруши во твојата земја твоите високи и јаки ѕидови, на кои ти се надеваш; и ќе ти нанесе зло во сите твои градови во целата твоја земја, која Господ, твојот Бог, ти ја даде.

533 Мојс 26,29; 4 Цар 6,28-29; Ер 19,9И ти ќе го јадеш плодот на утробата своја, плотта на синовите и ќерките свои, кои Господ, твојот Бог, ти ги даде, поради опсадата и теснотијата, во која ќе те стави непријателот твој.

54Мекушавиот маж навикнат да жи­вее во раскош, со безмилосно око ќе гледа на братот свој, на саканата жена и на другите деца свои што ќе му останат,

55и нема да му даде на ниеден од нив плот од децата свои, кои тој ќе ги јаде, зашто нема да му остане ништо друго поради опсадата и притеснетоста, во кои ќе те постават непријателите твои во сите твои градови.

56Ис 47,1Жена најчувствителна и најнежна меѓу вас, која поради својата нежност никогаш со нога не стапнала на земја, со безмилосно око ќе гледа на саканиот маж свој, на синот свој, на ќерката своја,

57и нема да им го даде последокот, што излегува меѓу бедрата нејзини, ни децата, што би ги родила; зашто, при скудноста во сѐ, таа ќе ги јаде тајно, во притеснетоста во која ќе те стави непријателот твој во твоите градови.

58Ако не ги пазиш и исполнуваш сите зборови од законот, напишани во оваа книга, и не се плашиш од славното и страшно име на Господ, твојот Бог,

597,15Господ ќе те порази тебе и твоето потомство со необични порази, со по­рази големи и трајни, и со болести ло­ши и неизлечиви;

60и ќе ги навлече врз тебе сите лоши болести египетски, од кои се плашеше, и тие ќе се залепат за тебе;

61и секаква болест и секаква проказа незапишана (и секаква запишана), во книгата на овој закон, Господ ќе испра­ти врз тебе, додека не те истреби;

624,27-28и ќе останете на број малкумина, а не како кога бевте многубројни колку и ѕвездите небески, бидејќи не го слу­шавте гласот на Господ, вашиот Бог.

63И како што Господ се радуваше, кога ви правеше добро и ве размно­жуваше, така ќе се радува Господ, кога ќе ве погубува и истребува, и ќе бидете изгонети од земјата, во која одиш ти, за да ја наследиш.

64Лк 21,24И ќе те расее Господ, твојот Бог, по сите народи, од крајот на земјата до крајот на земјата, и таму ќе им служиш на други богови, што не си ги знаел, ниту ти, ниту предците твои; на дрво и на камен ќе служиш.

65Но и меѓу тие народи нема да се успокоиш, ниту ќе има место за одмор на нозете твои; и таму Господ ќе го ис­плаши срцето твое, ќе го ништи видот на очите твои и ќе направи да страда душата твоја;

66Ер 31,13животот твој ќе виси пред тебе, и ќе се плашиш и дење и ноќе, и нема да бидеш сигурен за животот свој;

67Јов 7,4-6од стравот во срцето свое ќе се плашиш, и од тоа што ќе го видат очите твои, па наутро ќе кажеш: „О, што по­скоро да се стемни!“, а навечер ќе велиш: „О, што поскоро да осамне!“

682 Мојс 14,13И Господ ќе те врати во Египет на кораби по оној пат, за кој ти кажав: „Ти нема повеќе да го видиш“; и таму ќе бидете продавани на непријателите свои како робови и робинки, но ќе нема кој да ве купи.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help