Јован 11 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Смртта на Лазар

1 ;

1911,45; Јов 2,11и мнозина Јудејци беа дошле кај Марта и Марија да ги утешат за нив­ни­от брат.

20Ез 8,14Кога чу Марта дека доаѓа Исус, из­лезе пред Него; а Марија седеше до­ма.

2111,32Тогаш Марта Му рече на Исус: „Господи, ако беше Ти овде, брат ми немаше да умре.

22Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде.“

23Исус ѝ рече: „Твојот брат ќе вос­кресне!“

245,28-29; 6,39-40; Дан 12,2; 2 Мак 12,44; Дела 24,15Марта Му рече: „Знам дека ќе вос­кресне при воскресението, во последни­от ден.“

251,4; 20,31; Кол 3,4; Откр 1,18А Исус ѝ рече: „Јас сум воскресени­ето и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее.

265,24; 8,51; Мт 22,23И секој што живее и верува во Ме­не, нема да умре довека. Го веруваш ли тоа?“

276,14.69Таа Му одговори: „Да, Господи, јас поверував дека си Ти Христос, Синот Божји, што треба да дојде во светот.“

Исус просолзува

28Штом го рече тоа, отиде и ја повика сестра си Марија тајно, велејќи: „Учителот е овде и те вика.“

29Таа кога чу, стана бргу и отиде кај Него;

30зашто Исус уште не беше дошол во селото, а стоеше каде што Го беше дочекала Марта.

31Јудејците, што беа со неа дома и ја утешуваа, кога видоа дека Марија стана бргу и излезе, отидоа и тие по неа, мислејќи дека ќе оди на гробот да плаче.

3211,21А Марија, штом пристигна таму ка­де што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше ти овде, немаше да умре брат ми!“

3312,27; Мк 3,5Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи во духот и се потресе,

34па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“

35Лк 19,41Исус просолзи.

36Тогаш Јудејците рекоа: „Гледај, колку го сакал!“

379,6-7Некои од нив, пак, велеа: „Не мо­жеше ли Овој, што ги отвори очите на слепиот, да направи и овој да не умре?“

Воскреснувањето на Лазар

38 20,1; Мт 27,60; Лк 23,53; 24,2 А Исус пак се нажали во Себе и дојде до гробот; тоа беше пештера и ка­мен навален на неа.

39Рече Исус: „Кренете го каменот!“ Марта, сестрата на умрениот, Му рече: „Господи, мириса веќе; има четири дена откако е умрен!“

401,14; 2,11Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш славата Бож­ја?“

4117,1; Мт 14,19; Мк 6,41; Лк 18,13; Дела 7,55Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благода­рам што Ме услиши.

426,29; 12,30; 17,8.21; 3 Цар 18,36-37; 1 Јн 5,14-15Јас знаев дека Ти секогаш Ме ус­ли­шуваш; но ова го реков заради народов што стои наоколу, за да поверуваат де­ка Ти си Ме пратил.“

43Кога го рече ова, извика со силен глас: „Лазаре, излези надвор!“

4419,40; 20,6-7излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“

Заговор против Исуса(Мт 26,1-5; Мк 14,1-2; Лк 22,1-2)

45 7,31; 8,30; 12,11.42 Тогаш мнозина од Јудејците што беа дошле со Марија и видоа што на­прави Исус, поверуваа во Него.

465,15Некои од нив отидоа кај фарисеите и им рекоа што направи Исус.

47Мт 26,3-5Тогаш првосвештениците и фарисеите го собраа синедрионот и рекоа: „Што да правиме? Овој Човек прави многу чуда.

48Дела 4,16Ако Го оставиме така, сите ќе по­ве­руваат во Него и ќе дојдат Римјаните, па ќе ни ја одземат и земјата и на­ро­дот.“

4918,13; Лк 3,2А еден, пак, од нив, Кајафа, кој таа година беше првосвештеник, им рече: „Вие ништо не знаете,

5018,14; 2 Кор 5,14ниту помислувате дека е поарно за нас да умре еден човек за народот, отколку сиот народ да пропадне.“

511 Мојс 50,20; 4 Мојс 27,21А ова не го рече тој сам од себе, ту­ку, бидејќи беше првосвештеник таа го­дина, прорече дека Исус ќе умре за народот;

5210,16; 1 Јн 2,2и не само за народот, туку и за да ги собере заедно растурените Божји чеда.

535,18; 7,1.25; 8,37.40; Мт 12,14Од тој ден се согласија да Го убијат.

543,22Заради тоа Исус веќе не одеше јав­но меѓу Јудејците, а оттаму отиде во крај, близу една пустина, во градот на­речен Ефрем, и таму се задржа со уче­ниците Свои.

552,13; 13,1; 18,28; 2 Мојс 19,10-15; 4 Мојс 9,9-14; 2 Лет 30,1-3.17-20; Дела 21,24-26А се наближуваше Пасха јудејска и мнозина од тој крај отидоа во Ерусалим пред Пасха, за да се очистат.

567,11Тогаш Го бараа Исуса и, стоејќи во храмот, си разговараа меѓу себе: „Што мислите? Нема ли да дојде на празни­кот?“

57А првосвештениците и фарисеите беа веќе издале заповед, ако некој дознае каде е, да јави, за да Го фатат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help