1 4 Цар 14,23-29; Ис 1,1; Амос 1,1; Мих 1,1 Слово Господово што беше упатено до Осија, син Беериев, во деновите на јудејските цареви Озија, Јотам, Ахаз, Езекија и во деновите на израилскиот цар Јеровоам, синот Јоасов.
Семејството на Осија2 4,12; 5,4; 9,1; 2 Мојс 34,16; Наум 3,4; Пс 106,39; 2 Кор 11,2 Почеток на словото Господово до Осија. Му рече Господ на Осија: „Оди и земи жена блудница, па роди деца од блудство; зашто оваа земја многу блудствува, откако отстапи од Господ.“
3И тој отиде и ја зеде Гомер, ќерката на Дивлаим, која зачна и му роди син.
43 Цар 18,45; 4 Цар 9,1-10; 10,1-17; 17,2-6Тогаш Господ му рече: „Стави му име Јизреел, зашто уште малку и Јас ќе му се одмаздам на Јехуевиот дом за крвта пролеана во Јизреел и ќе го укинам царството на Израил,
5Ис 2,11; Амос 8,9; Зах 14,9; Јов 29,20; Мт 7,22; Лк 6,23; Јн 14,20и во тој ден ќе го скршам лакот на Израил во долината Јизреел.“
6Таа пак зачна и роди ќерка, и Тој му рече: „Именувај ја Ло-Рухама, зашто Јас веќе нема да го помилувам домот Израилев, и да им проштевам.
714,4; 1 Цар 17,47; Ис 30,16; 31,1; Мих 5,9; Зах 4,6; 9,10; Пс 20,7; Изреки 21,31А домот Јудин ќе го помилувам и ќе ги спасам Јас, нивниот Господ Бог, не со лак, ниту со меч, ни со војска, ниту со коњи и коњаници.“
8Потоа, откако ја одби од доење, одново зачна и роди син.
92,23; 3 Мојс 26,12; Ер 7,23; 11,4; 31,33; Ез 11,20; 14,11; Зах 8,8И Тој му рече: „Наречи го со името Ло-Ами, зашто вие не сте Мој народ, и Јас нема да бидам ваш Бог.“
Надеж за Израил10 1 Мојс 22,17; 32,13; 3 Цар 4,20; 5,9; Ис 10,22; Јн 1,12; Рим 9,26.27 „Но бројот на синовите Израилеви ќе биде како песокот морски, кој не ќе може ни да се измери ниту да се изброи; и место да им речат – вие не сте Мој народ – ќе им се рече – вие сте синови на живиот Бог.
111,5; Ис 11,13; Ер 3,18; Ез 37,15-22И ќе се соберат синовите Јудини и синовите Израилеви заедно и ќе си постават еден старешина и ќе излезат од земјата, зашто голем е денот на Јизреел.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
