Неемија 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1На запечатениот документ беа имињата на: Неемија, управи­телот, син на Хахалија, и Седекија,

2Сераја, Азарија, Еремија,

3Пашхур, Амарија, Малкија,

4Хатуш, Шеванија, Малух,

5Харим, Мерамот, Авдија,

6Даниил, Гинетон, Варух,

7Мешулам, Авија, Мијамин,

8Маазија, Билгај, Шемаја: тоа се имињата на свештениците.

9А ова се имињата на левитите: Је­шуа, син на Азанија, Бинуј, од синовите на Хенадад и Кадмиел;

10и браќата нивни: Шеванија, Ходија, Келита, Пелаја, Ханан,

11Миха, Рехов, Хашавија,

12Закур, Шеревија, Шеванија,

13Ходија, Ваниј, Бенину.

14Народните старешини: Парош, Пахат-Моав, Елам, Зату, Ваниј,

15Буниј, Азгад, Бевај,

16Адонија, Бигвај, Адин,

17Атер, Езекија, Азур,

18Ходија, Хашум, Бецај,

19Хариф, Анатот, Невај,

20Магпијаш, Мешулам, Хезир,

21Мешезавел, Садок, Јадуа,

22Пелатија, Ханан, Анаја,

23Осија, Ананија, Хашув,

24Халохеш, Пилха, Шовек,

25Рехум, Хашавна, Маасеја,

26Ахија, Ханан, Анан,

27Малух, Харим, Баана.

28И другиот народ, свештеници, левити, вратари, пејачи, слуги на храмот и сите што беа минале од туѓите народи кон законот Божји, жените нивни, сино­вите нивни, ќерките нивни, сите што можеа да разберат,

29Пс 118,106се присоединија кон браќата свои, кон најчесните од нив, и се обврзаа со заклетва и проклетство дека ќе поста­пуваат по Божјиот закон, даден преку раката на Божјиот слуга Мојсеј, и дека ќе ги пазат и извршуваат сите заповеди на Господ, нашиот Бог, и повелбите Не­гови, и наредбите Негови.

302 Мојс 34,16; 1 Езд 9,1-2И да не ги даваат ќерките свои на туѓи народи, и нивните ќерки да не ги земаат за синовите свои;

3113,15-22; 2 Мојс 20,8-11; 23,11; 3 Мојс 25,1-7; 5 Мојс 15,1; Ер 17,27; Ез 23,38; Амос 8,5и кога туѓите народи ќе донесат стока за продавање во сабота, да не ку­пуваат од нив во сабота или во друг свет ден, и на седмата година да не се работи земјата и да се проштеваат секакви долгови.

32И си поставивме за закон да даваме од себе по една третина од шекел го­дишно за потребите на домот на наши­от Бог:

333 Мојс 24,6за лебовите на предложението, за редовниот лебен принос и за секојдневната сепаленица, за саботите, за ново­месечијата, за празниците, за свештени­те предмети и за жртвите за грев за очистување на Израил, и за сѐ што се врши во домот на нашиот Бог.

34И фрливме ждрепка ние, свеш­тениците, левитите и народот, за набавка на дрва, кога кое наше поколение, во определено време, секоја година, да ги дотерува во домот на нашиот Бог за да горат врз жртвеникот на Господ, како што е запишано во Законот.

35Се обврзавме уште да принесуваме секоја година во домот Господов првини од земјата своја и првини од плодот на секое дрво;

362 Мојс 13,1-2; 4 Мојс 18,14-16исто така – да ги приведуваме во до­мот на нашиот Бог, првородените од си­новите свои и од добитокот свој, како што е пишано во законот, првородените од крупниот и од ситниот добиток свој.

374 Мојс 15,18-21; 18,21-24И првини од меленото жито наше, и нашите приноси, и плодови од секое дрво, и вино, и масло ќе им испраќаме на свештениците во ќелиите кај домот на нашиот Бог, и десеток од земјата своја – на левитите. Тие, левитите, ќе собираат десеток во сите градови, каде што имаме земјоделство.

384 Мојс 18,26Со левитите, кога собираат левит­ски десеток, ќе има свештеник, потомок Аронов, та левитите да го однесат десетокот од својот десеток во домот на на­шиот Бог, во просториите определени за клетови.

3913,11-12Зашто во тие простории како Изра­илевите синови, така и левитите се дол­жни да носат сѐ што се принесува како дар: жито, вино и масло. Таму се и свештените садови, и свештениците што служат, и вратарите и пејачите. И ние нема да го оставиме домот на на­шиот Бог.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help