1 4 Мојс 21,28; Ер 48,45; Ез 25,8-11; Амос 2,1-3 Пророштво за Моав. Така! Ноќе ќе биде разорен Ар-Моав и уништен; така! Ноќе ќе биде разорен Кир-Моав и уништен!
2Ер 48,37; Ез 7,18; Амос 8,10Тој се искачува во храмот дивонски за да плаче на височина; Моав липа над Нево и Медева; сите тие се со истрижени глави, сите со избричени бради.
322,12; Ер 48,38; Ез 27,31; Јона 3,6-8По улиците негови се препашуваат со вреќишта; по покривите негови и плоштадите сите плачат, во солзи тонат.
416,7; 4 Мојс 21,23; Ис.Н. 9,10; 13,17.18.21; Ер 48,34Пишти Есевон и Елале; гласот нивни се слуша дури до Јахца; по нив и војниците на Моав плачат, душата му се бранува во него.
Плач по Моав5 16,11; 1 Мојс 19,22; Ер 48,5.34-36 Плаче моето срце за Моав; бегаат од него кон Сигор, до Еглат-Шелишија; се искачуваат со плачење на Лухит; по хоронаимскиот пат креваат страшен вик;
6зашто водите на Нимрим пресекнаа, ливадите се исушија, тревата изгоре, зеленило не остана;
744,4; Јов 40,21затоа тие ги пренесуваат од онаа страна на Арабиската река остатоците од имотот и она, што го собрале.
84 Мојс 21,16Зашто писокот се разнесува по сите предели на Моав, плачот негов стигнува дури до Еглаим, плачот негов стигнува до Беер-Елим;
94 Цар 17,25бидејќи водите на Дивон се наполнија со крв, и Јас ќе испратам врз Дивон уште нешто – лавови врз избеганите од Моав и против преживеаните во земјата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
