1 Ис 38,10; Пс 87,3-5 „Дишењето ми ослабна; дните мои гаснат; гробишта има пред мене.
2Да не беше нивниот потсмев, тогаш и покрај нивните приговори окото мое ќе беше спокојно.
3Заштити ме, застапи се Сам за мене пред Себе! Инаку, кој ќе се заложи за мене?
442,7-8Зашто Ти го затвори срцето нивно за да не можат да разбираат, и затоа нема да им дозволиш да ликуваат.
5Кој им го дели на пријателите свои лебот свој, неговите деца чекаат попусто.
630,9Предмет за исмејување Тој ме направи и секој може в лице да ми плукне.
7Окото мое од тага ми потемне, а рацете и нозете од слабост ми треперат.
8Ис 52,15Ќе занемеат храбрите пред страдањето мое и невиниот ќе се дигне против безбожникот.
9Но праведникот ќе се држи цврсто за својот пат, и оној со чисти раце ќе ја удвои силата своја.
1013,5-12Вратете се сите вие и одете си; нема да најдам мудар меѓу вас.
11Деновите мои изминаа; замислите мои – тежина на срцето мое – пропаднаа.
1224,13А тие сакаат ноќта во ден да ја претворат и светлината брзо да дојде, кога мракот паѓа.
13А мојата надеж е одењето в гроб и таму во темнина да ја постелам постелата своја;
14на гробот ќе му речам: ти си ми татко, а на црвот – ти си ми мајка и сестра.
1519,10Каде е надежта моја? И кој може неа да ја види?
1620,11Ќе слезе таа во пеколот и заедно со мене во правот ќе почива.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
