Псалми 48 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 48Привиден е напредокот на безбожниците и нивната безумна надеж во богатството

1Чујте го ова сите народи; внимавајте вие сите што живеете по светот,

25 Мојс 32,1; Ис 1,2; Изреки 8,4мали и големи, богати и сиромаси заедно.

3Устата моја ќе говори мудрост, и мислата на срцето мое – разбирливи нешта.

4Ќе го наклонам увото свое кон по­уч­ни изреки: со харфа ќе ја изложам га­танката моја.

5Зошто да се плашам во тешки дено­ви, кога беззаконието на моите предав­ници ќе ме опколи?

6Вие, што имате верба во силите свои и се фалите со големото богатство свое, чујте:

7Ер 9,23; Лк 12,16-21Никој не може себеси да се искупи, ниту може човекот да Му плати откуп на Бога,

8Јов 33,24; Изреки 11,4ниту цена за откуп на душата своја, бидејќи таа е превисока,

9Мт 16,26дури и да се мачи долго, да живее вечно и гроб да не види.

10Зашто и мудрите умираат, неразумните и безумните загинуваат заедно, а го оставаат богатството на други.

1138,6; Проп 2,16; Сир 11,19Нивните гробови ќе им бидат вечни домови, живеалиштата од род во род, иако земјите нивни ги носат имињата нивни.

12И човек што живее неразумно, за­прилегува на животните што загинува­ат.

13Проп 3,18-21Таква им е судбината на безумни­ци­те, крајот на оние што се задоволни со својот дел.

14Тие се како овци определени за во пеколот, смртта им е пастир, а в зори праведните ќе господарат над нив; силата нивна ќе се истроши, пеколот ќе им биде дом.

15Но Бог ќе ја спаси душата моја од раката на пеколот, милостиво ќе ме прими.

16Ос 13,14Не плаши се кога човек се збогатува, кога богатството на домот негов расте;

17зашто, умирајќи, ништо нема да земе, ниту, пак, богатството негово ќе појде по него;

181 Тим 6,7макар што при животот негов се сметал за среќен – а тебе те фалат кога си угодуваш –

19и тој ќе им се придружи на своите предци, нема никогаш да види светлина.

201 Мојс 15,15; Јов 10,21-22Човек, кој неразумно живее, сличен е на животните што загинуваат.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help