1Кога Пашхур, синот Имеров, свештеник и надзорник во домот Господов, чу дека Еремија ги изговорил тие пророчки зборови,
24 Цар 15,35го фати пророкот Еремија и нареди да го бијат и да го врзат за столбот на срамот, што беше до горните порти Венијаминови кај домот Господов.
3Но утредента Пашхур го ослободи Еремија, а Еремија му рече: „Господ те нарече не Пашхур, туку ‚Ужас отсекаде‘!
4Пс 30,11Зашто вака рече Господ: еве, ќе те направам ужас за тебе самиот и за сите твои пријатели, и ќе паднат во бој од непријателите свои и очите твои ќе го видат тоа. И сите Јудејци ќе ги предадам во рацете на вавилонскиот цар, кој ќе ги одведе во Вавилон и ќе ги убие со меч.
5Ис 39,6И ќе го продадам сето богатство на тој град, сиот имот негов и сите негови драгоцености; и сите ризници на царевите јудејски ќе ги дадам на неговите непријатели, што ќе ги разграбаат, ќе ги земат и ќе ги однесат во Вавилон.
6И ти Пашхуре, и сите што живеат во твојата куќа, ќе отидете во ропство; ќе отидеш во Вавилон, таму ќе умреш и таму ќе бидеш погребан, та и сите твои пријатели, на кои лажно им пророкуваше.“
Еремија Му се жали на Господ7 Пс 43,13; Плач 3,14; Мудр 5,4 Господи, ти ме надви, и јас сум надвиен; Ти си посилен од мене и ме победи, а јас секој ден станувам за потсмев, секој се шегува со мене.
815,10.15; 20,18Затоа, штом ќе почнам да зборувам, зборувам за насилство, зборувам за разорување, бидејќи словото Господово стана за мене поруга и секојдневен потсмев.
9Пс 38,3Па си реков: нема веќе да спомнувам за Него, ниту ќе зборувам во Негово име; но во срцето како да имам распален оган, затворен во коските мои, и се измачував да го задржам – но не можев.
1046,5; Пс 30,13; Мк 3,2Бидејќи слушав клевети од мнозина, ужаси насекаде! Пријавете го, и ние ќе го обвиниме. Сите, што живееја со мене во мир, сега ме демнат, нема ли некаде да погрешам: „Можеби, велат, тој ќе се улови, и ние ќе го победиме и ќе му се одмаздиме.“
1117,18; 32,18; Ис 42,13; Пс 39,14Но со мене е Господ како страшен јунак; затоа моите гонители ќе се сопнат и нема да ме победат; многу, многу ќе се засрамат, зашто ќе бидат поразени; срамот ќе биде вечен, нема никогаш да биде заборавен.
122 Лет 16,9; 11,20; Пс 36,5Господи на силите, Ти го испитуваш праведникот и ја гледаш утробата и срцето негово. Дозволи да ја видам одмаздата Твоја над нив, зашто Тебе Ти го доверив делото свое.
1315,21; 39,17; Пс 95,1; 96,10; 148,1Пејте Му на Господ, фалете Го Господа, зашто Тој ја спасува душата на бедниот од рацете на злодејците.
14Јов 3,3Проклет да е денот во кој се родив; денот, во кој ме роди мојата мајка, нека не е благословен!
15Проклет да е човекот кој ја пренесе веста до татко ми и му рече: „Ти се роди син“ и со тоа многу го зарадува.
16И со тој човек да стане она што стана со градовите кои Господ ги разруши и не ги пожали; нека слуша тој пискот наутро и напладне – плач,
17Јов 3,11затоа што не ме уби уште во утробата, така што мајка ми да станеше мој гроб и утробата нејзина да останеше вечно бремена.
18Јов 3,10.20Зошто излегов од утробата, за да гледам маки и таги и дните свои да ги минам во срам?
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.