1 1,7; 1,32 Вака вели Господ: „Јас го изведов овој народ од ропство, му дадов заповеди преку Моите слуги – пророците, кои народот Мој не сакаше да ги слуша и ги отфрли Моите совети.
2Варух 4,8.12; 3 Езд 2,15.17.30; Варух 4,19; Варух 4,12; Ис 47,8.9Мајката што ги родила им вели: ‚Одете деца, зашто јас сум вдовица и напуштена.
3Варух 4,11Јас ве одгледав со радост и ве отпуштив со плач и со тага, зашто згрешивте пред Господ, вашиот Бог и го извршивте она што е лошо пред Него.
4Варух 4,17; Варух 4,12; Ис 47,8.9; Варух 4,21А сега што можам да направам за вас? Јас сум вдовица и напуштена; одете, деца, и барајте милост од Господ.‘
5Оче, Тебе Те повикувам за сведок против мајката на синовите, кои не сакаа да го пазат Мојот завет;
6Јудита 9,4; 3 Езд 1,34предај ги на засрамување, а мајката нивна – на распаѓање, за да исчезне нивниот род;
73 Мојс 26,33нека се распрснат нивните имиња меѓу народите и да се избришат од земјата, зашто го презреа Мојот завет.
81,3; 1 Мојс 19,24Тешко тебе, Асире, затоа што сокриваш безбожници во себеси! Роде лукав, спомни си што направив со Содом и Гомора;
9нивната земја лежи во смолести мочуришта и во височинки од пепел. Така ќе постапам со оние што не Ме слушаат“, вели Господ Седржителот.
10Вака му вели Господ на Ездра: „Јави му на Мојот слуга дека Јас ќе им го дадам Ерусалимското царство, што му го ветив на Израилот,
11Лк 16,9ќе примам од нив слава и ќе им ги дадам вечните живеалишта што сум ги направил за нив.
128,52; Откр 2,7; 22,2.14Дрвото на животот ќе им биде маст со пријатна миризба; нема да бидат измачувани од тежок труд и нема да се изморуваат.
13Мт 7,7; Лк 11,9; Мт 24,22; Мт 25,34; Мк 13,37Дојдете и примете; измолете за себе малку дни, за да не задоцните. Царството за вас веќе е готово; бидете бодри!
145 Мојс 4,26Небо и земја, бидете сведоци за тоа, дека го уништив злото и направив добро. Жив сум Јас! вели Господ.
152,30; Ис 60,8; 3 Езд 2,25; 5 Мојс 7,6Мајко, гушни ги своите синови; одгледувај ги со радост; како гулабица, закрепнувај ги нивните нозе, зашто Јас те избрав, вели Господ.
162,31; Ис 26,19; Ез 37,12.13Јас ќе ги кренам мртвите од нивните места и од нивните гробови ќе ги изведам, зашто името Свое го познав во Израилот.
172,30Не плаши се, мајко на синовите, зашто Јас те избрав, вели Господ.
18Мт 16,14; Откр 22,2Јас ќе ти ги испратам на помош Моите слуги Исаија и Еремија, по чиј совет Јас ги осветив и ти подготвив дванаесет дрвја, оптоварени со различни плодови,
19а исто толку и извори, од кои тече мед и млеко и седум превисоки планини по кои растат ружи и кринови, преку кои со радост ќе ги исполнам синовите твои.
202 Мојс 22,22; Ис 58,7; Мт 25,36Погрижи се за правата на вдовицата, дај правда на сиромав, помогни му на оној што е во неволја, заштити сирак, облечи необлечен,
21погрижи се за обесправен и немоќен, не подбивај се со хром, помогни му на оној што нема раце, а слепиот доведи го да ја види Мојата светлина,
22старец и момче запази меѓу твоите ѕидови;
23Тов 1,17.18; Мт 19,28мртви, каде и да ги најдеш, откако ги приготвиш, предај ги во гроб, а Јас ќе ти го дадам првото место во Моето воскресение.
242 Мојс 14,14; Ис 30,15Почивај и биди спокоен, народе Мој, зашто ќе дојде твоето спокојство.
252,15Добра доилко, дој ги добро твоите синови, закрепнувај ги нозете нивни.
26Од слугите што ти ги дадов, да не загине никој, зашто од тебе ќе ги барам.
27Јн 16,20.22Не скрби се, зашто кога ќе дојде денот на скрб и тешкотија, другите ќе плачат и ќе се скрбат, а ти ќе бидеш весела и ќе имаш изобилство.
28Незнабошците ќе ти завидуваат, но ништо не ќе можат да направат против тебе, вели Господ.
29Ис 49,2; 51,16; Ис 5,16Моите раце ќе те покријат, та синовите твои да не го видат пеколот.
302,15.17Утешувај се, мајко, со твоите синови, зашто Јас ќе те спасам.
312,16Сеќавај се на твоите синови што спијат, зашто Јас ќе ги изведам од краиштата на земјата и ќе им покажам милост, бидејќи сум милостив,“ вели Господ Седржителот.
32„Прегрни ги твоите деца додека дојдам и им направам милост, зашто Моите извори се изобилни и Мојата благодат никогаш не е скудна.“
Ездра на планината Синај33 2 Мојс 3,1 Јас Ездра примив на гората Хорив заповед од Господ да појдам кај Израил. А кога дојдов кај нив, тие ме исфрлија и ја презреа заповедта на Господ.
34Јн 10,11; 1 Птр 2,25; Мт 11,29; Евр 10,37; Евр 1,2Затоа ви говорам вам, незнабошци, кои можете да слушате и да разбирате: очекувајте Го Пастирот ваш; Тој ќе ви даде вечен мир; близу е Оној, Кој ќе дојде на крајот на векот.
3513,56; Ис 60,19.20; Откр 21,23; 22,5Бидете готови за наградите од царството, зашто вечна светлина ќе ве огрее за вечни времиња.
361 Кор 7,31; 1 Лет 29,15; Ис 60,19.20; Откр 21,23; 22,5Бегајте од сенката на овој век; примете ја сладоста од вашата слава. Јас јавно сведочам за Спасителот мој.
371 Сол 2,12Примете го дарот што ви е даден и насладувајте се, благодарејќи Му на Оној Кој ве повикал во царството небесно.
38Откр 7,4; 6,5; Откр 19,9; Мт 22,2Станете и стојте и гледајте колкав е бројот на оние што се обележени за вечерата на Господ,
391 Кор 7,31; 1 Лет 29,15; Ис 61,10; Откр 3,4; 7,13.14кои, откако се преселија од сенката на овој век, примија од Господ светли облеки.
40Ис 61,10; Откр 3,4; 7,13.14Сионе, прими го бројот свој и заклучи ги твоите – оние што се облечени во бела облека и што го исполниле законот на Господ.
414,36; Откр 6,11Полн е бројот на твоите сакани синови; моли се за царството на Господ, за да се освети народот твој, кој е повикан уште од почетокот.
Ездра на планината Сион42 Откр 14,1; Откр 7,9 Јас, Ездра, на гората Сион видов големо множество, кое не можев да го пребројам; тие сите со песни Го прославуваа Господа.
43Откр 2,10; 4,4Меѓу нив беше високо момче, кое ги надминуваше сите; тој им ставаше венци на главата на секого од нив и со тоа уште повеќе се издигнуваше; јас бев потресен од она што го гледав.
44Откр 7,13.14Тогаш го прашав ангелот: „Господаре мој, кои се овие?“
451 Кор 15,53.54; 2 Кор 5,4; Откр 7,9Тој ми одговори и ми рече: „Овие се оние што го оставиле смртното тело и се облекле во бесмртно, оние што го исповедат името Божјо; сега ги овенчуваат и добиваат победнички палми.“
46Јас прашав: „А кое е она момче што им ги става венците и што им ги врачува палмите?“
47Мт 10,32; Лк 12,8; Откр 3,5Тој ми одговори: „Синот Божји, Кого тие Го прославувале во овој живот.“ И јас почнав да ги прославувам оние што стоеја цврсто за името на Господ.
48Тогаш ангелот ми рече: „Оди и јави му на мојот народ колку и какви чудесни дела на Господ Бог си видел.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.