1 Рим 15,26; 1 Кор 16,5; Гал 2,10 Браќа, ве известувам за благодатта Божја, дадена на македонските цркви,
2дека и покрај големото испитување во маката, нивната радост беше изобилна; и покрај нивната длабока сиромаштија покажаа големо богатство во нивната дарежливост,
39,1зашто, според нивните можности, па дури и преку нивните можности, јас сум сведок дека тие даваа доброволно,
4Дела 9,13; 1 Кор 16,1нѐ молеа многу усрдно да го примиме нивниот дар и учеството во прислужувањето на светиите;
5и тоа не како што се надевавме, туку тие најнапред сами себе Му се предадоа на Господ, а потоа и нам, по волјата Божја.
6Затоа го замоливме Тит, онака како што беше почнал порано, така и меѓу вас да го заврши тоа дело на дарежливоста.
71 Кор 1,5И како што сѐ изобилува во вас: верата и словото, знаењето и секоја усрдност и љубовта ваша кон нас, така нека изобилува во вас и таа добродетел.
8Ова ви го велам не како заповед, туку преку усрдност на другите да ја испитаме искреноста и на вашата љубов.
9Мт 5,3; 8,20; Фил 2,6-7Бидејќи вие ја знаете дарежливоста на нашиот Господ Исус Христос, дека Тој, иако богат, осиромаши заради вас, да се збогатите и вие преку Неговата сиромаштија.
10А со ова ви давам само совет, зашто тоа е полезно за вас, кои почнавте уште од минатата година, не само да го правите, туку и да сакате да го правите.
11А сега довршете го започнатото дело, та, како што имаше усрдност во вашето барање, така усрдно нека биде и неговото довршување според можностите.
12Мк 12,44Зашто, ако се има усрдност, таа е мила по тоа што ја има, а не по тоа што ја нема.
137,5; 2 Сол 1,7Затоа не сакам на другите да им биде лесно, а вам – тешко, туку подеднакво:
149,12; Рим 15,26-27вашиот сегашен вишок да го дополни нивниот недостиг, та и нивниот вишок да послужи за вашиот недостиг, па да има еднаквост,
152 Мојс 16,18како што е напишано: „Кој собра многу, немал вишок; и кој малку, немал недостиг.“
16Да Му благодариме на Бога, Кој во срцето на Тит положи толкава усрдност за вас.
17Тој ја прифати мојата молба, и бидејќи многу ревносен, доброволно тргна кон вас.
18Дела 20,4; 1 Кор 16,3; Гал 2,10 Со него го испративме братот, пофалуван по сите цркви за неговото благовестие;
19и не само тоа, туку црквите го избраа за да нѐ придружува во тоа дело на дарежливоста, на кое му служиме за слава на Самиот Господ и за нашата добра волја,
20пазејќи се, да не нѐ укори некој поради обилните приноси, за чие собирање се грижиме ние.
21Изреки 3,4; Рим 12,17Зашто ние се трудиме за доброто не само пред Господ, туку и пред луѓето.
22Со нив го испративме и нашиот брат, чија ревност многупати сме ја испробале во многу работи, и кој сега е уште поревносен поради големата увереност во вас.
23Што се однесува до Тит, тој е мој другар и соработник меѓу вас; а по однос на нашите браќа, тие се пратеници на црквите, Христова слава.
24И затоа покажете им пред црквите доказ на вашата љубов и на справедливоста на нашите пофалби за вас.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.