Изреки 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

За праведен живот

1 15,20; 17,25; 19,13 Мудар син го радува татко си, а безумниот син е тага на мајка си.

211,4; 21,6; Ез 7,19Неправедно стекнато богатство не донесува полза, а правдата од смрт спасува.

328,25; Пс 33,8-9; Мт 6,33Господ не допушта да гладува ду­ша­та на праведникот, но богатството на безбожниците го одзема.

46,11; 12,24; 13,4Мрзливата рака донесува сиро­маш­тија, а раката на работливиот збогатува.

Казнуваниот син мудар ќе биде и слугата безумен тој ќе го држи.

56,8.10; 17,2; 19,26; 24,33Кој собира преку летото, е разумен син, а кој спие за време на жетва, е не­ра­зумен син.

611,11; 24,24-25Благослов почива врз главата на праведниот, а насилство им ја затвора устата на беззакониците.

722,1; 5 Мојс 4,6; Проп 7,1Споменот за праведниот ќе биде благословен, а името на нечестивите ќе биде проколнато.

813,3; Мт 7,24Мудриот по срце прима заповеди, а неразумниот, кој брбори, ќе се сопне.

926,26; 28,18; Мт 10,26; Дела 13,10Кој оди во непорочност, оди без страв; а кој ги искривува патиштата свои, ќе биде казнет.

1010,8; 18,20Кој намигнува со очите, беда донесува, а кој глупаво зборува – пропаѓа.

11Ез 7,11; Авак 2,17; Пс 7,16Устата на праведникот е извор на животот, а насилството им ја затвора устата на беззакониците.

1217,9; 1 Кор 13,4; Јк 5,20Омразата предизвикува раздори, а љубовта ги покрива сите гревови.

1319,29; 26,3Во устата на разумниот има муд­рост, а за грбот на глупавиот – стап.

1413,3; 18,7Мудрите го чуваат знаењето, а устата на глупавиот е близу до смртта.

1518,11; 19,7Имотот на богатиот е негов утврден град, а пропаст за бедните е нивната си­ромаштија.

1611,18-19; 15,6Трудот на праведникот води кон живот, успехот на нечестивиот – кон грев.

176,23; 15,10Кој ја пази поуката, тој е на патот кон животот; а кој го отфрла разо­б­ли­чувањето – сѐ губи.

1812,16; 26,24Кој крие омраза, има лажлива уста; а кој шири клевети, е глупав.

1913,3; 17,27; Проп 5,2; Јк 1,19При многу зборување не се избегнува гревот, а разумен ќе бидеш ако ја воздржуваш устата своја.

2024,2; 25,11Јазикот на праведниот е одбрано сребро, а срцето на нечестивите – нема вредност.

2112,14; 13,2Устата на праведниот поучува мн­о­зи­на, а глупавите умираат од не­достиг на разум.

221 Мојс 24,35; 5 Мојс 8,18Благословот Господов – збогатува, и не донесува со себеси тага.

232,14; 15,21Глупавиот со веселба го прави она што е престапно, а на разумниот човек мудроста му е својствена.

2413,21; Пс 144,20Од она од што се плаши нечестиви­от, тоа ќе го снајде, а желбата на пра­ведниците ќе се исполни.

2512,3.7; Мт 7,24-25Како што виорот минува, така и не­честивиот ќе исчезне; а праведникот е врз вечни основи.

2615,19; 26,6.14Она што е оцетот за забите и димот за очите, тоа е мрзливиот за оние што го праќаат.

273,2; 9,11; 14,27Стравот Господов додава денови, а годините на нечестивите ќе се скратат.

2811,7.23; Јов 8,13Очекувањето на праведниците е радост, а надежта на нечестивите ќе загине.

2915,29; 22,12Патот Господов е крепост за не­по­рочниот, а пропаст за оние, што вршат беззаконие.

302,21-22; Пс 36,29; Мт 5,5Праведниот нема да се поколеба ни­когаш, а лошите нема долго да живеат на земјата.

3112,19; 13,3Од устата на праведникот тече муд­рост, а развратниот јазик ќе биде пре­се­чен.

3215,28; 16,13.30Устата на праведникот го познава благопријатното, устата на нечестивите – развратното.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help