4 Царства 12 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1Тој стана цар во седмата година од владеењето на Јуј и царуваше во Ерусалим четириесет години. Мајка му се викаше Цивија, од Вирсавија.

2А Јоас го правеше она што беше правилно пред очите на Господ во сите денови додека го поучуваше свеште­никот Јехојада;

314,4; 15,4.35; 3 Цар 22,44само идолските светилишта не беа урнати; народот уште принесуваше жртви и кадеше по тие светилишта.

42 Мојс 30,11-16; 3 Мојс 27,2-8Јоас им кажа на свештениците: „Сите пари од посветените дарови што се донесуваат во домот Господов, пари­те кои некому му се наметнати со процена, и парите што некои по сопствена волја ги принесуваат во домот Госпо­дов;“

Јоас се завзема за обновување на храмот(2 Лет 24,4-14)

5 22,3-7 „Свештениците нека ги приберат, секој од својот познат, и со нив нека го поправат расипаното во храмот, насе­каде, каде што ќе се најде оштетено.“

6Но бидејќи до дваесет и третата го­ди­на на царот Јоас свештениците не ги поправаа расипаните работи во храмот,

7царот Јоас го повика тогаш свеш­теникот Јехојада и свештениците и им рече: „Зошто не ги поправате расипани­те работи во храмот? Отсега нема веќе да прибирате пари од своите познати, туку ќе ги оставате за поправка на храмот.“

8И свештениците се согласија да не прибираат веќе кај себе пари од народот за поправки во храмот.

9Тогаш свештеникот Јехојада зеде ед­но ковчеже, му направи одозгора отвор и го стави до жртвеникот десно, каде што влегуваа во домот Господов. И свештениците што стоеја на стража кај вратата, ги пуштаа таму сите пари што се внесуваа во домот Господов.

10И кога ќе видеа дека има многу пари во ковчежето, доаѓаше царскиот писар и првосвештеникот и ги врзуваа во торби и ги пребројуваа парите што се наоѓаа во домот Господов,

11а преброените пари ги предаваа во рацете на определените за надзорници на домот Господов, и тие им плаќаа на дрводелците што работеа во домот Господов,

12и на ѕидарите, и на каменоделците, и за купување дрва и делкани камења, за поправки во домот Господов, и за сѐ што се трошеше за одржување на храмот.

13Но за домот Господов не беа на­правени ни сребрени чинии, ни штипки, ни котлиња за росење, ни труби – никакви златни садови, и сребрени садови не беа направени од парите што се внесуваа во домот Господов,

14туку ги предаваа на надзорниците и тие го поправаа со нив домот Господов.

1522,7И не бараа сметка од оние, на кои им ги доверуваа парите за плаќање на работниците, зашто тие постапуваа чесно.

16Парите од жртвите за вина и пари­те од жртвите за грев не се внесуваа во домот Господов: тоа беше за свеште­ниците.

178,12Тогаш царот на Арам Азаил тргна во поход, отиде да војува против Гет, и го презеде; а потоа Азаил намисли да оди против Ерусалим.

Крај на Јоасовото владеење(2 Лет 24,23-27)

18 16,8; 18,15; 3 Цар 15,18-19 Но јудејскиот цар Јоас го зеде сето жртвувано што го беа жртвувале на храмот неговите предци, јудејските цареви Јосафат, Јорам и Охозија, и што самиот го беше жртвувал, и сето злато, најдено во ризниците на домот Гос­подов и на царскиот дом, и му го испра­ти на арамејскиот цар Азаил; тој тогаш го напушти Ерусалим.

19Другото за Јоас и за сѐ што тој из­вршил, е опишано во летописите на ју­дејските цареви.

20И се побунија слугите негови, на­правија заговор и го убија Јоас во Бет-Мило, на патот за Сила.

21Го убија слугите негови: Јозавад, синот на Шимат, и Јехозавад, синот на Шомер, и тој умре, и го погребаа кај не­говите предци во Давидовиот град. На негово место стана цар неговиот син Амасија.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help