1 32,3; 97,1; Ис 42,10 Запејте Му на Господ песна нова, запеј Му на Господ, цела Земјо!
2Пејте Му на Господ, благословувајте го името Негово, благовестете го од ден на ден спасението од Него;
397,2; 104,1разгласувајте ја меѓу народите славата Негова, и на сите народи – чудесата Негови;
447,1; 94,3; 144,3зашто велик е Господ и достоен за пофалба, страшен е Тој над сите богови.
532,6; 96,7; 114,4-8; 120,2; 133,3; 134,15-18; Ис 40,17-20; 40,23; 47,4-6; Ер 10,2-5; 1 Кор 8,4-6; 1 Мојс 1,1; 2 Мојс 20,11; Ис 40,22; 40,24-25; 45,17Бидејќи сите богови на незнабошците се идоли, а Господ ги создаде небесата.
6103,1Слава и величие се пред лицето Негово, сила и великолепие – во светилиштето Негово.
728,1-2Воздајте Му на Господ, племиња народни, воздајте Му на Господ слава и чест;
8воздајте Му на Господ слава на името Негово, принесете жртви и влезете во Неговите дворови;
9113,7поклонете Му се на Господ во светите дворови Негови. Да затрепери пред лицето Негово целата Земја!
109,8; 92,1; 96,1Кажете им на народите: Господ се зацари! Затоа цврста е вселената, нема да се разниша. Тој управува праведно со народите.
1197,7; Ис 44,23; 48,12Нека се развесели небото и да се возрадува Земјата, нека се раздвижи морето и она што го исполнува;
12Ис 55,12нека се радуваат полињата и сѐ што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите,
139,8; 97,9; Мудр 9,3пред лицето на Господ, зашто иде, зашто Тој иде да ѝ суди на Земјата. Тој ќе ѝ суди на вселената по правда, и на народите – според Својата вистина.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
