1 Ез 14,13; Амос 8,11 Ете, Господ Бог Саваот ќе го одземе од Ерусалим и од Јуда жезолот и помошта, секоја поткрепа во леб и вода,
2храбар водач и војник, судија и пророк, јасновидец и старец,
3војсководец и големец, советник, мудар уметник и вешт говорник.
4Проп 10,16Ќе им дадам момчиња за началници, и деца ќе владеат над нив.
519,2; Мих 7,2.6А во народот еден ќе угнетува друг, и секој – својот ближен; момче бесрамно ќе се прави голем пред старец и простак – пред големец.
6Тогаш човек ќе се фати за братот свој, во челадта на татко си свој и ќе рече: „Ти имаш наметка, биди ни водач, и овие урнатини нека бидат под твоја рака.“
7Ер 14,19А тој со клетва ќе рече: „Не можам да ги излекувам раните на народот; и во мојата куќа нема ни леб, ни облека: не правете ме водач на народот.“
8Така пропадна Ерусалим, и падна Јуда, зашто јазикот нивни и делата нивни се против Господ, навредливи пред очите на Неговата слава.
91 Мојс 18,20-21; 19,4-11; Ос 5,5; 1 Тим 5,24Изразот на лицето нивно сведочи против нив, а за гревот свој тие кажуваат отворено, како содомците, не кријат: тешко на душата нивна! Сами на себеси навлекуваат зло.
Лоши водачи10 Пс 57,11; Изреки 1,33 Кажете му на праведникот: „Блазе му, зашто тој ќе ги јаде плодовите на делата свои;
11Гал 6,7а на беззаконикот – тешко нему, зашто врз него ќе паднат делата на рацете негови!
12Ос 4,12; Мих 3,5Угнетувачи на Мојот народ се децата, и жени владеат над него. Народе Мој, твоите водачи те доведуваат до заблуда и го раскопуваат патот по кој одиш.“
13Ер 2,9; Ос 4,1-5; Мих 6,1-5; Пс 49,4Се крена Господ на суд – и стои, за да го суди народот.
145,1-7; Амос 2,6-7; Мих 2,1-3Господ влегува во суд со старешините на Својот народ и со неговите кнезови: вие го опустошивте лозјето; ограбеното од сиромасите е во вашите куќи.
15Амос 2,7; Пс 93,5; Изреки 22,22-23„Зошто го угнетувате народот Мој и ги газите сиромасите?“ вели Господ Бог Саваот.
За ерусалимските жени16 Ез 16,50; Амос 4,1-3; Соф 3,11 Потоа рече Господ: „Поради тоа што ќерките сионски се гордеат и одат со исправени вратови, што освојуваат со погледите, и ситно одат и со веришки на нозете тропкаат,
1747,3; Ер 13,26; Ез 16,37; Амос 8,10Господ ќе го оголи темето на ќерките сионски, и ќе го открие срамот нивни.“
18Во оној ден Господ ќе ги одземе убавите веришки на нозете, секакви шнолички и полумесечинки,
19обетки, ѓерданчиња и ладила, превези, гривни и појаси, стакленца со мириси и уметнички украси,
20прстење и алки за нос,
21горна облека и долна, шамичиња,
22светли тенки наметки, кошули, забратки и покривала.
2315,2; Амос 8,10И наместо пријатен мирис ќе има смрад и место појас – јаже, место кадрени коси – ќелави глави, наместо широка наметка – тесно вреќиште, место убавина – лузна.
242 Цар 1,12; Ос 14,1; Пс 77,64Мажите твои ќе паднат од меч, а јунаците твои – во битка,
2547,1; Ер 14,2; Јов 2,13; Плач 1,4; 2,10и портите на престолнината ќе воздивнуваат и ќе плачат, а таа ќе седи напуштена на земјата.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.