1Потоа Соломон изгради свој дом, а го градеше тринаесет години, и наполно го заврши.
2Тој го изгради домот свој од леванонско дрво: долг сто лакти, широк педесет лакти, а висок триесет лакти, на четири реда кедрови столбови; и кедрови греди беа положени врз столбовите.
3Подот беше послан со кедар врз греди на четириесет и пет столба, по петнаесет во ред.
4Прозорски столбови имаше три реда; имаше и три реда прозорци, прозорец спроти прозорец.
5Сите врати и соби беа четириаголни, прозорец спроти прозорец во три реда.
6Тој направи и трем од столбови, педесет лакти долг, триесет лакти широк, и пред нив – трем, столбови, и праг пред нив.
7Уште направи и трем со престол, од кој тој судеше, трем за судилиште, и сите подови ги покри со кедар.
83,1Во домот, каде што живееше, имаше друг двор зад тремот, исто така изграден. И во домот на фараоновата ќерка, која Соломон ја беше зел, направи исто така трем.
9Сето тоа беше направено од скапи камења – делкани според размер, изрежани со трион однатре и однадвор, – од основата до покривот, и однадвор до големиот двор.
10Во основата беа положени скапи камења, камења големи, камења од десет лакти;
11и одозгора скапи камења, делкани според размер, и кедар.
12Големиот двор беше ограден наоколу со три реда делкани камења и со еден ред кедрови греди; исто како и внатрешниот двор на храмот Господов и храмовиот трем.
Хирамовата задача(2 Лет 2,12-13)13 2 Лет 2,13-14 Цар Соломон испрати да го доведат од Тир Хирам,
14син на една вдовица од Нефталимовото племе. Татко му тирјанин, беше бронзоливец; тој беше способен и искусен, а умееше да прави секакви предмети од бронза. И тој дојде кај цар Соломон и му правеше секакви работи:
Столбови од бронза(2 Лет 3,15-17)15 4 Цар 25,13; Ер 27,19; 52,17 тој изли два бронзени столба, секој висок по осумнаесет лакти, и врвот од дванаесет лакти го опфаќаше пречникот на едниот и на другиот столб;
16тој направи и два капитела, излеани од бронза за да ги стави врз столбовите; пет лакти висок едниот капител и пет лакти висок вториот капител;
17направи мрежи плетени и врвови како вериги за капителите што беа врз столбовите: седум за едниот капител и седум за другиот капител.
18Така ги направи тој столбовите и два реда калинки околу мрежата за да ги покрие капителите што се кај столбовите, истото го направи и за другиот капител.
19А во тремот капителите на столбовите беа направени слично на крин, четири лакти;
20и капителите врз двата столба одозгора беа токму над испупчениот дел што беше до мрежата; и врз другиот капител во редови наоколу имаше по двесте калинки.
21И ги постави столбовите на храмовиот трем; постави столб оддесно и му даде име Јахин; постави столб и одлево и го нарече Вооз.
22А над столбовите положи венци, направени слично на крин. Така заврши работата над столбовите.
Бронзениот базен налик на море(2 Лет 4,2-5)23 2 Лет 4,2–5,1 Направи и излеано од бронза море – од едниот негов крај до другиот имаше десет лакти, – и сосема кружно, пет лакти високо; и венец од триесет лакти го опфаќаше наоколу.
24Под краиштата негови имаше од сите страни издадени работи како јаболка по десет на лакот; тие го опкружуваа морето од сите страни во два реда; издадените работи како јаболка беа излеани заедно со него.
25Тоа стоеше на дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток; морето стоеше врз нив, а задната страна им беше свртена навнатре.
26Тоа беше дебело една дланка, а краиштата негови, направени како краишта на чаша, прилегаа на расцветан крин. Тоа собираше две илјади мери.
Подножја од бронза27Тој направи и десет бронзени подножја; секое подножје беше долго четири лакти, широко – четири лакти, високо – три лакти.
28Еве ја направата на подножјата: тие имаа рамки, а рамките беа меѓу аголните продолжетоци.
29Врз рамките што беа меѓу аголните продолжетоци, имаше обликувани лавови, волови и херувими; исто така и врз аголните продолжетоци; а над лавовите и воловите и под нив имаше висечки венци;
30секое подножје имаше по четири бронзени тркала и бронзени оски. На четирите агли имаше испупчувања како раменици, излеани испупчувања, оддолу под мијалникот, до секој венец.
31Отворот од внатрешниот венец до горе имаше еден лакот; отворот му беше кружен како подножјето на столбовите; лакот и половина, и кај отворот негов – резби; но страните беа четириаголни – не кружни.
32Под страните имаше четири тркала и оски на тркалата во подножјата; секое тркало беше високо лакот и половина.
33Направата на тркалата беше исто таква, како тркалата на колите; оските нивни, оплатите нивни, спиците нивни и главичките нивни – сѐ беше излеано.
34Имаше четири испакнатини на четирите агли на секое подножје; од подножјата излегуваа испакнатините негови.
35И врз подножјата имаше испакнатини, половина лакот високи, а над подножјата дршките нивни и ѕидовите им беа од иста материја.
36Тој изваја и врз штичките на дршката нејзина и на ѕидовите нејзини херувими, лавови и палми, колку што дозволуваше местото, и наоколу – висечки венци.
37Така направи тој десет подножја; сите еднакво излеани, еднаква мерка, еднаков изглед.
382 Мојс 30,17-21; 4 Цар 16,17Направи и десет бронзени мијалници; секој мијалник собираше по четириесет мери и беше висок четири лакти; секој мијалник стоеше на едно од десетте подножја.
39Тој ги распореди подножјата – пет десно од храмот и пет лево од храмот, а морето го постави десно од храмот, на источната страна кон југ.
Дополнителен список на металните изработки40 2 Мојс 27,3 Хирам ги направи мијалниците, лопатките и машите. И ја сврши Хирам целата работа што ја вршеше кај цар Соломон за храмот Господов, односно:
41два столба и два појаса на капителите што се врз столбовите, и две мрежи за покривање на двата појаса на капителите што се врз столбовите,
42и четиристотини калинки на двете мрежи; два реда калинки на секоја мрежа за покривање на двата појаса над капителите што се врз столбовите,
43и десет подножја и десет мијалници на подножјата;
44едно море и дванаесет вола под морето;
45и котли, и лопатки, и чаши. Сите работи што Хирам му ги направи на царот Соломон за храмот Господов, беа од измазнет бакар.
46Царот ги излеа во глинена земја, во околината на Јордан, меѓу Сукот и Царетан.
47Соломон ги постави сите тие работи на местата нивни. Поради нивното извонредно множество, тежината на бронзата не можеше да се измери.
482 Мојс 25,23-30Соломон ги направи и сите предмети што се во храмот Господов: златен жртвеник и златна трпеза, на која се ставаат лебовите на предложението:
49светилници – пет оддесно и пет одлево, пред Светињата над светињите, од чисто злато, цвеќиња, кандилца и штипки од злато;
503 Мојс 10,1и чинии, и ножеви, и чаши, и подносници и кадилници од чисто злато; резиња за вратите на внатрешноста на Светињата над светињите и за вратите во храмот, исто така од злато.
512 Цар 8,11Така беше свршена сета работа што ја изврши цар Соломон за храмот Господов. И го принесе Соломон посветеното од татко му Давид: среброто, златото и предметите ги предаде во ризницата на храмот Господов.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.