1 .
14И фати едно момче од жителите на Сукот и го распраша; и тој му ги напиша имињата на началниците и старешините сукотски – седумдесет и седум мажи.
15Потоа дојде кај жителите сукотски и рече: „Еве ги Зевеја и Салмана, за кои ми се потсмевавте, велејќи: ‚Зар раката на Зевеја и Салмана е веќе во твои раце, та да им даваме леб на твоите изморени дуѓе?‘“
16И ги зеде градските старешини и зеде трње од пустината и боцки, па ги казни со нив жителите на Сукот.
17И ја сруши кулата на Пенуел и ги уби жителите на градот.
184,6И им рече на Зевеја и на Салмана: „Какви беа оние што ги убивте на Тавор?“ Тие одговорија: „Беа како тебе – секој прилегаше на царски син.“
191 Мојс 43,29; 4 Мојс 14,21; 5 Мојс 13,7; Песна 8,1Гедеон рече: „Тие беа мои браќа, синови на мајка ми! Господ нека ми е сведок: да бевте ги оставиле живи, не би ве убил ни јас.“
20И му рече на Јетер, својот првороден син: „Стани, убиј ги!“ Но момчето не го извади мечот свој; се плашеше, бидејќи беше уште млад.
21Ис 3,18Тогаш Зевеја и Салмана рекоа: „Стани сам и убиј нѐ, зашто според човекот е и силата негова.“ И стана Гедеон, и ги уби Зевеја и Салмана, и ги зеде веришките што беа околу вратовите на камилите нивни.
Гедеон умира22И му рекоа Израилците на Гедеон: „Владеј со нас ти и син ти и внук ти, бидејќи ти нѐ спаси од рацете на Мидјаните.“
231 Цар 8,7; 12,12Гедеон им одговори: „Ниту јас ќе владеам со вас, ниту мојот син ќе владее со вас; Господ нека владее со вас.“
242 Мојс 32,2-3И им рече уште Гедеон: „Ве молам за едно, дајте ми секој по една обетка од пленот свој. Зашто непријателите, бидејќи беа Исмаилци, носеа златни обетки.“
25Тие одговорија: „Ќе дадеме.“ И послаа една облека и фрлаше таму секој по една обетка од пленот свој.
26Златните обетки што тој ги побара, тежеа илјада и седумстотини шекели, без веришките, копчињата и пурпурните одежди што ги носеа мидјанските цареви, и без златните веришки што беа на вратовите од камилите нивни.
272 Мојс 32,2; Ос 3,4Од тоа Гедеон направи ефод и го стави во својот град, во Офра; и почнаа сите Израилци блудно да одат таму, по ефодот, кој беше замка за Гедеон и целиот дом негов.
283,11Така се смирија Мидјаните пред синовите Израилеви и повеќе не кренаа глава, и земјата беше спокојна четириесет години во деновите на Гедеон.
29Тогаш Јероваал, синот на Јоас, отиде да живее во својот дом.
309,2.5.18.24Гедеон имаше седумдесет сина, произлезени од бедрата негови, бидејќи имаше многу жени.
31А и наложницата негова, која живееше во Сихем, му роди син, и нему му даде име Авимелех.
32И умре Гедеон, синот Јоасов, во длабока старост, и беше погребан во гробот на таткото свој, Јоас, во Офра Авиезерова.
339,4.46Откако умре Гедеон, Израилевите синови пак почнаа да живеат во безбожие и да им се поклонуваат на Вааловци, поставувајќи го за свој бог Ваал-Берит.
34Израилевите синови не се сетија на Господ, својот Бог, Кој ги спасуваше од рацете на сите околни непријатели,
35и кон домот на Јероваал, односно на Гедеон, не покажаа благодарност за сите добрини што му ги направи тој на Израил.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.