1 Ер 12,3 Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш.
293,11Ти знаеш кога седнувам и кога станувам; Ти оддалеку ги разбираш мислите мои.
3Јов 13,27Одам или лежам, Ти сѐ гледаш, сите патишта мои си ги предвидел.
4Сир 23,20Уште зборови не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веќе ги знаеш:
5Ти ме опкружуваш, зад мене си, пред мене си; раката Твоја е положена над мене.
6Се восхитувам на Твоето знаење, – тоа е превисоко, не можам да му пријдам!
7Каде да одам од Твојот дух, и од лицето Твое каде да побегнам?
8Ер 23,24; Амос 9,2Ако се искачам на небото – Ти си таму; ако слезам во Адот а, и таму си.
9Ако ги земам крилјата на зората и се преселам на крајот од морето, –
10и таму ќе ме води Твојата рака, Твојата десница ќе ме држи.
11Јов 24,17Ако речам: можеби темнина ќе ме покрие, но и ноќта е како светлина околу мене;
12Дан 2,22и темнината нема да биде темнина за Тебе; и ноќта за Тебе е светла како ден и темнината како светлина.
1370,6; Јов 10,9-12Зашто Ти си ја создал мојата внатрешност и ме оформи во мајчината ми утроба.
14Те прославувам зашто сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го знае.
15Ниедна моја коска не се сокри од Тебе, додека настанував во тајност, исткаен во длабините на земјата.
16Ис 4,3; Дан 12,1Твоите очи го видоа зародишот мој и во Книгата Твоја сѐ е запишано за мене; дури и деновите мои се забележани кога уште не постоеше ниеден.
17Колку ми се недостапни Твоите мисли, Боже, колку се многубројни!
18Да ги пребројам – но тие се побројни и од песокот; се будам и сѐ уште сум со Тебе.
19118,115Кога би сакал да ги убиеш, Боже, грешниците; иставете се од мене, крвопијци!
20Подмолни се во помислите свои, суетно се креваат Твоите непријатели.
2125,2; Ер 6,27; Јов 23,10Зар не ги замразив оние, Господи, кои Тебе те мразат, и зар не се гнасам од непријателите Твои?
22Со полна омраза ги замразив; ги сметам за непријатели.
2316,3; 25,2Испитај ме, Боже, и познај го срцето мое; испитај ме и запознај ги патеките мои;
24и види дали сум на пат на беззаконија, и упати ме на вечен пат.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
