1 1,15; 6,5; 1 Мојс 31,21.47; 4 Мојс 32,1 Возљубениот: О, убава си, љубов моја, убава си! Очите твои се гулаби под твојот превез; косата ти е како стадо кози, кога слегуваат од гората Галаад;
26,6забите твои – како стадо истрижени овци, кога излегуваат од капење, од кои секоја има по две јагниња, и без јагне нема ниедна;
31 Мојс 38,28; Ис.Н. 2,18усните твои се како алова панделка, а устата твоја е прекрасна; твоите образи под превезот твој се како половинки од калинка;
41,10; 7,5; Ез 27,10-11вратот ти е – како Давидовата кула, изградена за оружје: на неа висат илјадници штитови – сѐ штитови на јунаци;
52,9.17; 7,4; 2,16двете твои гради се како близначиња од млада срна, кои пасат меѓу кринови.
62,17Во ладовината на вечерта кога ќе одминат сенките, ќе одам на смирновата гора и на темјановиот рид.
71,15; Ефес 5,25-27Цела си убава, мила моја, нема ни дамка на тебе!
85 Мојс 3,8-9; 1 Лет 5,23; Ер 5,6; Наум 2,12.13Слези со мене, невесто моја, симни се од планините на Ливан и дојди со мене; симни се од врвовите на Амана, Сенир и Хермон. Побегни од тие лавовски легала, од леопардовите гори!
96,5Ти го освои срцето мое, сестричке, невесто, го плени срцето мое со еден поглед на очите свои и само со една од веришките на вратот свој.
101,2О, колку е слатка љубовта твоја, сестричке, невесто! Послатка е љубовта твоја од вино, и пријатниот мирис од твоите масла е попријатен од сите ароми.
11Изреки 5,3; 2 Мојс 3,8; Ис 55,1; 1 Мојс 27,27; Ос 14,7; Пс 44,8; Изреки 7,17Од устата твоја капе восочен мед, невесто, мед и млеко под јазикот твој, и мирисот на облеката твоја е како мирис леванонски!
12Изреки 5,16Затворена градина е мојата сестричка, невеста, извор затворен, кладенец запечатен;
13Проп 2,5; Неем 2,8; 4,16; 7,14твојот насад е градина од дрвја со вкусни плодови, кипар и нард,
14нард и шафран, трска и цимет со секакви миризливи дрвја, смирна и алој со најубави ароми,
151 Мојс 26,19; Јн 7,38ти си градински извор, кладенец од жива вода, поток што тече од Ливан.
161,12-13; 4,13; 7,14Возљубената: Подигни се, ветре, од север, повеј и ти, ветре, од југ и повеј над градината моја, за да прострујат аромите нејзини! Нека дојде мојот возљубен во градината своја и нека касне од слатките плодови нејзини.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
