Исус Навин 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Дванаесет камења за спомен на чудното преминување преку Јордан

1 5 Мојс 27,2 Кога целиот народ го премина Јордан, Господ му рече на Исус:

23,13„Земи од народот дванаесет луѓе, по еден маж од секое племе

33,17; 5 Мојс 27,2и заповедај им и кажи им: ‚Земете оттука, среде Јордан, каде што стоеја неподвижно нозете на свештениците, дванаесет камења, понесете ги со себе и ставете ги на местото, каде што ќе но­ќевате оваа ноќ!‘“

43,12Исус повика дванаесет луѓе, што ги избра од синовите Израилеви, по еден маж од секое племе

53,17и им рече: „Одете по мене пред ли­цето на Господ, вашиот Бог, среде Јор­дан и секој нека земе оттаму по еден ка­мен, и нека го стави на рамо според бројот на племињата на синовите Изра­илеви,

64,21-24; 2 Мојс 12,26; 13,14; 5 Мојс 6,20за да бидат кај вас знак; кога ќе те праша во подоцнежно време синот твој и ќе рече: ‚зошто се овие камења кај вас?‘

72 Мојс 28,12а ти ќе му речеш на синот твој: ‚Водата во реката Јордан престана да тече пред ковчегот на заветот на Господ кога тој го преминуваше Јордан, тогаш водата јорданска пресуши‘; и така тие камења ќе бидат кај вас како вечен споменик на синовите Израилеви.“

8И синовите Израилеви направија така, како што заповеда Исус: зедоа дванаесет камења од среде Јордан, како што му рече Господ на Исус, според бројот на племињата на синовите Изра­илеви, и ги понесоа со себе во логорот, и ги ставија таму.

91 Мојс 35,20И други дванаесет камења постави Исус среде Јордан на местото, каде што им стоеја нозете на свештениците, кои го носеа ковчегот на заветот. Тие се таму и до ден-денес.

10Свештениците, пак, кои го носеа ковчегот, стоеја среде Јордан, додека не беше свршено сѐ што Господ му беше заповедал на Исус – точно така, како што му беше заповедал Мојсеј на Исус; па потоа народот брзо преминуваше.

11Кога целиот народ го премина Јор­дан, тогаш премина и ковчегот Госпо­дов и камењата пред нив.

124 Мојс 32,29И Рувимовите синови и Гадовите синови и половината од Манасиевото племе поминаа вооружени пред синови­те Израилеви, како што им беше запо­ведал Мојсеј.

13Околу четириесет илјади воору­жени за борба преминаа пред Господ кон градот Ерихон за да се борат.

143,7Во тој ден Господ го возвеличи Исус пред целиот Израил и почнаа да го почитуваат како што го почитуваа Мојсеј, додека беше жив.

15И му рече Господ на Исус, велејќи:

16„Заповедај им на свештениците, што го носат ковчегот на заветот, да из­лезат од Јордан.“

17Исус им заповеда на свештениците и рече: „Излезете од Јордан!“

18И кога свештениците, што го носеа ковчегот на заветот Господов, излегоа од Јордан, и штом нозете нивни стапија на суво, водата на Јордан се спушти на своето место, потече, како порано, по целото корито.

19И народот излезе од Јордан во де­сеттиот ден на првиот месец и се смести во Гилгал, на исток од Ерихон.

203,8И дванаесетте камења, што ги беа зеле од Јордан, Исус ги постави во Гил­гал

21и им рече на синовите Израилеви: „Кога ќе ве прашаат вашите синови, велејќи: ‚Зошто се овие камења?‘

22кажете им на вашите синови: Изра­ил го помина Јордан по суво.

232 Мојс 14,21Зашто Господ, вашиот Бог, ги ис­уши водите на Јордан за вас, додека да го преминете, исто онака, како што Господ, вашиот Бог, го направи со Цр­веното Море, кое го исуши пред нас, додека го преминувавте,

242 Мојс 14,31; 15,16; Пс 43,2; 88,13; 97,1; 117,15-16за да видат сите народи на земјата дека раката Господова е силна, и да Го почитувате Господа, вашиот Бог, секогаш.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help