3 Ездра 1 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Родословот на пророкот Ездра

1 1 Лет 6,4-14; 1 Езд 7,1-5; 2 Езд 8,1.2 Втора книга на пророкот Ездра, синот на Сераја, син на Азарија, син на Хелкија, син на Селум, син на Садок, син на Ахитув,

2син на Ахија, син на Финеас, син Елиев, син на Амарија, син на Азарија, син на Мераимот, син на Арна, син на Озиј, син на Борит, син на Авишуа, син на Финеас, син на Елеазар,

Отфрлање на Израил

3син Аронов од Левиевото племе, кој беше во мидиската земја во време царувањето на персискиот цар Артаксеркс.

4Словото Господово дојде до мене:

5Ис 58,1„Оди и кажи му ги на Мојот народ неговите лоши дела и на нивните си­но­ви беззаконијата, што ги направија против Мене, за да ги известат синовите од своите синови,

6Ер 5,19; 7,9.18; Ос 3,1зашто гревовите на нивните роди­те­ли се намножија во нив: откако ме забо­ра­вија, тие почнаа да им принесуваат жртви на туѓи богови.

7Мих 6,4; 2 Мојс 20,2Зар Јас не ги изведов од египетската земја, од домот на ропството? А тие Ме разгневија и советите Мои ги презреа.

81 Езд 9,3; Ез 2,3.5.7Острижи ја косата на твојата глава и фрли го сето зло врз нив, зашто тие, тој непокорен народ, законот Мој не го слу­шаа.

9Мт 17,17До кога ќе ги поднесувам тие, на кои сум им направил толку многу добрини?

10Пс 67,12.14; 134,10; 135,17.18; 2 Мојс 14,27.28Заради нив многу цареви соборив; го погубив фараонот со луѓето негови и со сета негова војска;

11Ис.Н. 12; Ез 26,1–28,19; Ез 28,21-24пред нивното лице ги истребив сите незнабошци, на исток ги расеав народи­те од областите на Тир и Сидон и сите нивни непријатели ги уништив.“

12А ти речи им, вака вели Господ:

132 Мојс 14,21.22; 2 Мојс 3,10; 2 Мојс 4,14„Јас сум Оној Кој ве преведов преку морето и по неговото дно ви направив ограден пат, Мојсеја ви го дадов за во­дач и Арона – за свештеник,

142 Мојс 13,21; Ер 2,32ви дадов светлина во огнен столб и многу чуда направив меѓу вас, а вие ме заборавивте, вели Господ.

152 Мојс 16,13; 4 Мојс 10,35.36; 5 Мојс 1,32.33; 1 Кор 10,10; 4 Мојс 14,2Така вели Господ Седржителот: потполошките ви беа знак. Ви дадов борци за заштита, но вие и таму негодувавте;

16не се радувавте што заради Моето име загинаа вашите непријатели, туку дури и сега уште негодувате.

17Каде се оние добрини што ви ги направив? Зар во пустината, кога огладневте, не викавте кон Мене,

184 Мојс 14,3; 2 Мојс 14,12велејќи: ‚Зошто нѐ доведе во оваа пустина? Зошто нѐ изведе за да нѐ погубиш? Подобро ќе беше да им слугуваме на Египќаните, отколку да изумреме во пустинава.‘

192 Мојс 16,14.15; Пс 77,25; Мудр 16,20; Пс 104,40; Јн 6,31Јас се смилував на вашите офкања, и ви дадов мана; и вие јадевте леб ан­гел­ски.

202 Мојс 17,6; Варух 5,8Кога бевте жедни, нели го расеков каменот и не потекоа ли води во изоби­лие? Од жегата ве покривав со лисја од дрвјата.

211 Мојс 13,7; 34,30; Суд 1,4.5; Ер 47; Ез 25,15-17; Ис 5,4Ви разделив плодна земја; пред вас ги прогонив Хананците, Перизијците и Филистејците. Уште што да направам за вас?“

222 Мојс 15,23Така вели Господ Седржителот: „Кога бевте во пустината, кај реката Мера, ожеднети го хулевте Моето име.

232 Мојс 15,25; Сир 38,5Јас не испратив оган врз вас поради вашето богохулство, но ставив дрво во водата и ја направив реката слатка.

24Пс 80,11; Мт 21,43; Дела 13,46Што да ти направам Јаков? Јудо, ти не сакаше да се покоруваш. Во други народи ќе се населам, ќе им го дадам Моето име, за да ги пазат Моите зако­ни.

252 Лет 15,2; 24,20Бидејќи вие Ме оставивте, и Јас ќе ве оставам; нема да ги помилувам оние што бараат милост од Мене.

26Изреки 1,28; Ис 1,15; Мих 3,4; Изреки 1,16; Рим 3,15Кога Ме викате, нема да ве слушам, зашто со крв ги осквернивте вашите ра­це, а нозете ваши брзаат да извршуваат човекоубиство.

27Вие како да не Ме оставивте Мене, туку се оставивте себеси“, вели Господ.

28Дела 13,18; 1 Сол 2,7Така вели Господ Седржителот: „Не­ли ве молев, како таткото што ги моли своите синови и мајката своите ќерки и доилката – своите доенчиња,

29Ер 24,7да бидете Мој народ, а Јас да ви би­дам Татко?

30Мт 23,37; Лк 13,34Ве собрав, како кокошката што ги собира своите пилиња под своите крилја. Што да ви направам сега? Ќе ве от­фрлам од Моето лице.

31Ис 1,13.14Кога ќе ми принесете принос, ќе го свртам Моето лице од вас, зашто ги от­фрлив вашите празнични дни, ново­ме­сечијата и обрезанијата.

322,1; 7,60; Дела 7,52; 2 Лет 36,15.16; Мт 23,35.36; Лк 11,50.51Јас ви ги испратив Моите слуги – пророците; вие ги фативте, ги убивте и нивните тела ги раскинавте. Нивната крв од вас ќе ја барам“, вели Господ.

33Мт 23,38; Лк 13,35; Јов 21,18; Пс 1,4; 34,5; 82,13; Ис 40,24Вака вели Господ Седржителот: „Домот ваш е пуст, ќе ве развејам како ветар што ја вее плевата,

342,6; 5 Мојс 28,18а синовите ваши нема да имаат по­томство, затоа што ја презреа Мојата заповед; го правеа она што е зло пред Мене.

35Ис 52,15; 55,5; Рим 15,21Домовите ваши ќе им ги предадам на идните луѓе, кои, иако не Ме чуле, ќе поверуваат и, макар што не сум им по­кажувал знаци, ќе го извршуваат она што сум го заповедал,

36и кои, иако не ги виделе пророците, ќе си спомнат за своите беззаконија.

37Јн 20,29; 1 Птр 1,8Мојата благодат ви ја заветувам вам, на идните луѓе, чии деца не Ме ви­деле со своите телесни очи, но со духот свој, верувајќи во она што сум рекол, ќе празнуваат со веселба.

38Варух 4,36.37И така, гледај, брате, каква слава! Погледни ги луѓето што доаѓаат од исток;

39Мт 8,11; Сир 49,10ним ќе им ги дадам за водачи Авра­ам, Исак и Јаков, Осија и Амос, Михеј и Јоил, Авдиј и Јона,

40Мал 1,1Наум и Авакум, Софонија и Агеј, Захарија и Малахија, наречен уште и ангел Господов.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help