Михеј 5 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

За ветениот Месија

1 Рута 4,11; Мт 2,6; Јн 7,42 Но сега сме со ѕидини опколени и пак сме опседнати, со прат го бијат по образите судијата на Израил.

2Ис 7,14Но ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе ни излезе Оној, Кој ќе владее во Израил и чие потекло е од поче­то­кот, од вечноста.

3Затоа Тој ќе ги остави до времето додека роди онаа, која треба да роди; тогаш кај синовите Израилеви ќе се вратат и нивните други браќа.

4Суд 6,24; Ис 9,6; Амос 1,3; Ефес 2,14Ќе застане Тој и ќе ги пасе со си­лата на Господ, со величието на име­то Господово, својот Бог и тие ќе живеат во мир, зашто тогаш Тој ќе биде велик до краиштата на земјата.

Асирија ќе биде поразена

5 1 Мојс 10,8-11; Пс 2,9 И Тој ќе биде мирот. Кога ќе дојде Ашур во нашата земја и ќе стапи во нашето владение, тогаш ние против него ќе поставиме седум пастири и осум народни кнезови.

6Ис 4,3; Ос 14,6Тогаш тие ќе ја завладеат земјата Ашурова со меч, и земјата на Нимрод со сабја, и Тој ќе нѐ избави од Ашур, ако дојдат во нашата земја и влезат во пределите наши.

Остатокот од Божјиот народ

7А остатокот од Јаков меѓу многуте народи ќе биде како роса од Господ, како ситен дожд по трева. Тој нема да зависи од човек и нема да се потпира на смртници.

8И остатокот на Јаков ќе биде меѓу народите, меѓу многу племиња, како лав меѓу горски ѕверови, како лавче меѓу овчо стадо; и кога ќе се појави, ќе гази и ќе растргнува и никој не ќе може да се спаси од него.

9Ос 14,4; Зах 9,10Тогаш ќе се крене раката Твоја над непријателите Твои и тие ќе бидат истребени.

Истребување на идолите

10И во оној ден, вели Господ, ќе ги истребам коњите твои пред тебе и ќе ги уништам колите твои;

11и ќе ги сотрам градовите во твојата земја и ќе ги растурам сите тврдини твои;

12ќе ги истргнам магиите од рацете твои и кај тебе не ќе има веќе вра­жа­чи;

132 Мојс 23,24; 34,13ќе ги уништам идолите и резаните ликови кај тебе и нема веќе да се поклонуваш на творби од рацете твои;

14и ќе ги искоренам од твојата средина идолските светилишта и ќе ги разорам градовите твои.

15Во гнев и со јарост ќе се одмаздам над народите што беа непослушни.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help