Товит 4 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Товија упатен во Мидија

1 1,14 Во тој ден Товит си спомна за среброто што го беше дал на чување кај Гаваил во Рага Мидиска,

23,6па си рече во себеси: „Јас ја барав смртта, а зошто не го повикам мојот син Товија и да го известам за ова додека не сум умрел?“

32 Мојс 20,12; Изреки 23,22; Сир 3,4.16; Мт 15,4Откако го повика, му рече: „Синко, кога ќе умрам, погреби ме и не ја оста­вај мајка ти; почитувај ја во текот на це­лиот твој живот, угодувај ѝ и не огор­чу­вај ја.

4Спомнувај си, синко мој, дека таа се измачила многу за тебе уште додека би­ла бремена со тебе, а кога ќе умре, по­греби ја покрај мене во истиот гроб.

5Синко, секој ден спомнувај си за Гос­под, нашиот Бог; не греши и не пре­кршувај ги Неговите заповеди. Прави праведни дела во сите дни на твојот жи­вот и не оди по патиштата на беззако­ни­ето.

613,6; Јн 3,21Зашто, ако постапуваш според вис­тината, ќе успеваш во сите твои дела, како и сите оние што живеат праведно.

74,16; 5 Мојс 15,10; Сир 4,4; 2 Кор 9,7Од имотот твој давај милостина – да не жали твоето око кога даваш милос­тина. Не свртувај го лицето твое од сиромавиот, па и Бог нема да го сврти Своето лице.

8Сир 35,9Кога имаш многу, давај од тоа ми­лостина, а и кога имаш малку, не плаши се да даваш милостина и по малку:

9Мт 6,20; 1 Тим 6,19така ќе си собереш богато сокро­виште за деновите на поголема нужда,

1012,9; Сир 3,30зашто милостината избавува од смрт и не дозволува да отидеш во тем­нина.

11Милостината е добар дар за секој што ја дава пред Севишниот.

12Мт 5,32; 19,9; Дела 15,20.29Синко, пази се од секаков блуд и прељуба. Гледај жената твоја да биде од племето на твоите предци; не земај ту­ѓинка за жена, која не е од племето на татко ти, зашто ние сме синови на пророци; Ное, Авраам, Исак и Јаков се наши предци од искона. Помни, синко дека тие земаа жени меѓу своите соплеменици и дека беа благословени меѓу своите деца, нивното потомство ќе ја наследи земјата.

13И така, синко, сакај ги своите браќа и не се гордеј во срцето свое пред тво­ите браќа и пред синовите и ќерките на својот народ дотаму за да не одбереш меѓу нив жена за себе; од горделивоста произлегува голема пропаст и немир, а од мрзеливоста – само немаштина и бе­да; мрзеливоста е мајка на гладот.

1412,1; 3 Мојс 19,13; 5 Мојс 24,15Платата на наемникот да не пре­ноќева кај тебе, туку исплатувај му ја веднаш. Ако Му служиш на Бога, и те­бе ќе ти биде платено. Синко, добро размислувај за секоја твоја работа и биди внимателен во сите твои постапки и во сите твои однесувања.

15Мт 7,12; Лк 6,31Она што ти го мразиш, не прави му го никому. Не пиј вино до опивање, и пијанството да не оди со тебе по патот твој.

16Од лебот твој давај им на гладните, а необлечениот – со облека твоја облечи го; дели милостина од сѐ што имаш во изобилие, а да не жали твоето око кога делиш милостина.

17Ер 16,7; Сир 12,4-5.7Раздавај го твојот леб на гробот од праведниците и не давај им го на греш­ниците.

18Изреки 12,15; 13,10Барај совет од оној што е мудар, а корисен совет не отфрлај.

1913,2; 1 Цар 2,6-7; Пс 74,7; Мудр 16,13; Лк 1,52-53Во секое време благословувај Го Господ Бог и моли Му се да ги исправува твоите патишта, и сите твои патишта и намери добро да завршат, зашто ни­еден народ не може да има толку разум: Бог е Оној, Кој го испраќа секое добро, а кога сака, според Својата волја, пони­зува. Синко, спомнувај ги моите поуки: никогаш да не бидат избришани од твоето срце!

20А сега, синко, ќе ти откријам дека сум оставил десет таланти сребро на чу­вање кај Гаваил, синот на Гаврија, во Рага Мидиска.

21Сир 1,16-17; 2,8-9Не плаши се, синко, дека сме осиромашени; ќе имаш многу, ако имаш страхопочит кон Бога, ако бегаш од се­кој грев и ако го правиш она што е најдобро пред Него.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help