1 8,1 Радувајте се во Бога, нашата Сила, воскликнете кон Бога Јаковов;
2запејте песна, удрете во тимпан, на милозвучна лира со харфа;
3затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на вашиот празник,
43 Мојс 23,24; 4 Мојс 29,12; 4 Цар 4,23; Ис 1,13; Ос 2,12; Амос 8,5зашто тоа е закон за Израил, наредба од Бога Јаковов.
5Тој го установи тоа како сведоштво за Јосиф, кога тој излезе од египетската земја, каде што чу јазик што не го знаеше:
6„Јас го симнав товарот од рамениците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата.
72 Мојс 1,14; 6,5Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав.
894,8; 2 Мојс 17,1-7; 18,15-18; 4 Мојс 20,2-13Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти посведочам, ако Ме послушаш, Израиле!
92 Мојс 15,26; Ис 55,2-3Да немаш друг бог и да не му се поклонуваш на друг земен бог!
102 Мојс 20,2-3Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ќе ја наполнам.
11Но Мојот народ не го послуша гласот Мој, Израил не Ми се покори;
125 Мојс 9,7затоа Јас ги оставив на нивните закоравени срца; нека одат по мислите свои.
13Ер 3,17; 7,23О, да беше Ме послушал Мојот народ и Израил да одеше по Моите патишта!
14Ис 48,18Веднаш ќе ги покорев нивните непријатели и ќе ја свртев раката Своја против оние што го оскрбуваа.
153 Мојс 26,7-8; 5 Мојс 32,13Оние, што Го мразат Господа, би ползеле до Него, и нивниот крај би бил запечатен засекогаш.
16А Мојот народ ќе го хранев со најдобра пченица и ќе ги наситував со мед пештерски.“
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
