1 11,9; Сир 18,22; Рим 12,12; Гал 6,9; Кол 4,2; 1 Сол 5,17; 2 Сол 3,13 Им кажа и една парабола како треба секогаш да се молат и да не паѓаат со духот.
2И рече: „Во некој град си беше еден судија, кој од Бога не се плашеше, ниту од луѓето се срамуваше.
3Во истиот град живееше една вдовица и доаѓаше кај него, велејќи: ‚Заштити ме од мојот противник!‘
412,5Но тој за долго време не сакаше. Најпосле си рече во себе: ‚Иако од Бога не се плашам и од луѓето не се срамувам,
511,8но, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа повеќе и да не ми додева.‘“
6И рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија!
7Сир 35,17.19; Рим 8,33; Кол 3,12; 2 Тим 2,10; 2 Птр 3,9; Откр 6,10-11Зарем Бог нема да ги одбрани Своите избраници, што викаат кон Него дење и ноќе; макар и да забави?
8Мт 8,20; Мт 24,10-12; 2 Сол 2,3Ви велам, ќе ги одбрани набргу. Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“
Парабола за фарисејот и цариникот9 5,32; 15,7; 16,15; Мт 6,1; 23,28 А на оние што беа уверени за себе дека се праведни и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола:
10„Два човека влегоа во храм да се помолат: едниот фарисеј, а другиот цариник.
11Кога застанаа, фарисејот вака се молеше во себе: ‚Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе; грабливци, несправедливи, прељубници, или како овој цариник.
125,33; 11,42; 1 Мојс 14,20; 28,22; Мт 23,23Постам двапати во седмицата, давам десеток од сѐ што ќе стекнам.‘
1323,48; Пс 50,2; 77,38А цариникот стоеше оддалеку; не смееше дури и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: ‚Боже, биди милостив спрема мене грешниот!‘
14Изреки 29,23; Мт 18,4; 23,12; 1 Птр 5,6Ви велам: тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној, зашто секој што самиот себе се возвишува, ќе биде понизен, а кој се понизува себе самиот, ќе биде возвишен.“
Исус ги благословува малите деца(Мт 19,13-15; Мк 10,13-16)15 9,47 Кај Него донесуваа и мали деца за да ги допре; а учениците, штом ќе видеа, им забрануваа.
16Но тогаш Исус ги повика и им рече: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене, и не ги спречувајте, зашто на таквите е царството Божјо!
1710,21; Мт 5,20; 18,3Вистина ви велам: кој нема да го прими царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“
Богатиот човек(Мт 19,16-30; Мк 10,17-31)18 10,25 И Го праша еден управник, велејќи: „Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?“
19А Исус му рече: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог.
202 Мојс 20,12-16; 5 Мојс 5,16-20; Рим 13,9; Јк 2,11 Ги знаеш заповедите: не прави прељуба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко си и мајка си.“
21А тој рече: „Сето тоа сум го запазил уште од младоста своја.“
225,11; 12,33; Сир 29,11; Мт 6,20; Дела 2,45; Кол 3,1-2Штом го слушна тоа, Исус, му рече: „Уште едно само ти недостасува: продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш ризница на небото; потоа дојди и врви по Мене!“
23А тој, кога го слушна тоа, многу се нажали, зашто беше многу богат.
24Штом виде дека тој се растажи, Исус рече: „Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат богатство!
25Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“
26Оние што го чуја тоа, рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“
271,37; 1 Мојс 18,14; Ер 32,17; Јов 42,2; Мк 14,36А Тој одговори: „Неможното за луѓето е можно за Бога.“
28Петар, пак, рече: „Ете, ние оставивме сѐ и тргнавме по Тебе.“
2914,26Тој им рече: „Вистина ви велам, нема никој којшто оставил куќа или родители, или браќа, или сестри, или жена, или деца, заради царството Божјо,
3020,34-35; Мт 12,32А да не добил многу повеќе од тоа во ова време, а во идниот век – и живот вечен.“
Исус по третпат ја навестува Својата смрт и воскресение(Мт 20,17-19; Мк 10,32-34)31 Мт 8,20; Дела 3,18 И кога ги зеде со Себе Дванаесетмината, им рече: „Еве, се искачуваме кон Ерусалим и сѐ ќе се исполни, што напишале пророците за Синот Човечки:
329,22.44-45; 17,25дека ќе биде предаден на незнабошци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го измачуваат и ќе Го плукаат,
33ќе Го бијат и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“
349,45; Мк 9,32Но тие ништо од ова не разбраа; овие зборови за нив беа сокриени и тие не сфатија што им кажа.
Прогледувањето на слепиот(Мт 20,29-34; Мк 10,46-52)35А додека се приближуваше Тој до Ерихон, еден слеп човек седеше крај патот и просеше;
36и штом чу дека покрај него минува народ, се распрашуваше: „Што е тоа?“
37Мт 2,23; Дела 2,22; 22,8Му кажаа дека минува Исус од Назарет.
38Мт 1,1; 9,27Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!“
39Оние што одеа напред, го опоменаа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“
40Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога му пријде, го праша,
41велејќи: „Што сакаш да ти направам?“ Тој рече: „Господи, да прогледам!“
427,50; 17,19Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Верата твоја те спаси.“
432,20; 19,37И одеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.