1 1,7; Ис 65,1; Ер 29,13; Ос 2,7; 5,6; Изреки 1,28; Мт 7,7 Ноќва во леглото мое го барав оној, кого го сака душата моја, го барав и не го најдов.
2Затоа ќе станам, ќе тргнам по градот, по улиците и плоштадите, и ќе го барам оној, кого душата моја го сака. Го барав, но не го најдов.
3Ме сретнаа стражарите, што го обиколуваат градот: „Дали го видовте – ги прашав – оној, кого душата моја го сака?“
41 Мојс 2,24; 24,67; 6,9; 8,2.5Но, штом ги одминав, го најдов оној, што го сака душата моја, се фатив за него цврсто и не го пуштив, додека не го одведов во куќата на мојата мајка и во одајата на родителката своја.
52,7; 8,4Возљубениот: Ве заколнувам, ќерки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака.
66,10; 8,5; Откр 12,6; 3 Цар 10,15; Ез 17,4; 27,13; Наум 3,16; Неем 13,20Хорот: Која е таа, што се издига од пустината како столб од дим, што мириса на смирна и темјан, и на секакви пријатни мириси?
7Еве ја носилката на Соломон: околу неа шеесет души јунаци, од јунаците Израилеви.
8Пс 90,5; Тов 6,15Сите држат по еден меч и се вешти во борба; секој има меч на бедрото свое поради опасностите ноќни.
9Носилка си направил царот Соломон од леванонски дрвја;
103 Цар 10,18столбовите ги направил од сребро, оградите нејзини се од злато, седиштето – порфир; внатрешноста со љубов ја украсиле ќерките ерусалимски.
11Ис 61,10; 62,3-5Излезете, ќерки сионски, и погледајте го царот Соломон со венецот, со кој го украсила мајка му во денот на свадбата негова, во радосниот ден за срцето негово.
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
