Римјаните 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Мртов за гревот, жив во Христос

1 3,5-8; 6,15 Што, пак, да речеме? Ќе останеме ли во гревот, за да се наголеми бла­годатта? Никако!

21 Птр 2,24; 4,1Ние, кои сме умреле за гревот, како да живееме во него уште?

3Дела 8,16; Гал 3,27; 2 Тим 2,11Зар не знаете дека сите оние што бевме крстени во Исус Христос, во Не­говата смрт бевме крстени.

4Кол 2,12И така, ние се погребавме со Него преку крштевањето во смртта, за да мо­жеме, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, и ние така да живееме нов живот.

5Ефес 2,6; Фил 3,10-11Зашто, ако сме сраснати со Него во еднаква смрт, ќе бидеме соучесници и во воскресението,

6Гал 5,24; Ефес 4,22-24; Кол 3,9-10знаејќи дека нашиот стар човек е распнат со Него, за да биде уништено гревовното тело, па да не бидеме веќе робови на гревот;

71 Птр 4,1бидејќи, кој е мртов, тој е ослободен од гревот.

82 Тим 2,11А ако сме умреле со Христос, веруваме дека со Него и ќе живееме,

9Дела 13,34; Откр 1,18знаејќи дека Христос, откако воскресна од мртвите, не умира повеќе: смртта нема веќе власт над Него.

10Гал 2,19; Евр 9,26-28; 1 Птр 3,18Тоа што Тој умре, за гревот умре еднаш засекогаш, а животот што го жи­вее, за Бога го живее.

112 Кор 5,15; Гал 2,19; 1 Птр 2,24Па така и вие сметајте се мртви за гревот, а живи за Бога во Христос Исус, нашиот Господ.

12И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади!

136,19Не препуштајте му ги на гревот ва­шите органи на телото како орудија на неправедноста, туку препуштете Му се на Бога како оние што оживеале од мртвите, и вашите органи на телото ка­ко орудија на праведноста.

14Гал 5,18; 1 Јн 3,6Гревот нема да господари над вас, зашто вие не сте под Законот, туку под благодатта.

Робови на праведноста

15 6,1 Па што? Да грешиме ли, бидејќи не сме под Законот, туку под благодатта? Тоа никако!

16Мт 6,24; Јн 8,34; 2 Птр 2,19Дали знаете дека, ако му се предавате некому како робови за пос­луш­ност, робови сте му на оној кому му се покорувате: или на гревот, кој води во смрт, или – на послушноста, која води кон праведност?

17Но, благодарејќи Му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце се покоривте на оној образец на поука, на која ѝ се предадовте.

188,2; Јн 8,23.36; Гал 5,13И така ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста.

193,5; 12,1Ви зборувам како човек, поради слабоста на вашата човечка природа. Како што ги препуштивте органите на вашето тело во телесна служба на не­чистотата и беззаконието за беззаконие, така и сега оставете ги деловите од ва­шето тело да ѝ робуваат на праведноста која води во светост.

20Додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од праведноста.

217,5; 8,6.13.21А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нив­ниот крај е смртта.

22Јн 15,8.16Но сега, кога се ослободивте од гре­вот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот – животот вечен.

235,12.15.21; Гал 6,7-8; Јк 1,15Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт, а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help