1Смилувај се, Боже, на мене. Смилувај се, зашто во Тебе се надева душата моја, и во сенката на крилјата Твои ќе се засолнам додека не минат опасностите.
216,8Викам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро.
3137,8Тој ќе прати од небото и ќе ме спаси; ќе ги посрами оние, кои ме газат. Ќе ја испрати Бог Својата милост и Својата верност.
442,3Лежам среде лавови кои растргаат синови човечки; та нивните заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч.
57,2; 9,29; 16,12; 21,13.21; Ис 38,13; Јов 10,16; Дан 6,16; Пс 63,3Возвиши се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава!
671,19; 101,15; 107,5; 4 Мојс 14,21Тие подготвија стапица за нозете мои; и ја приклештија душата моја: ископаа пред мене јама, но сами паднаа во неа.
7Плач 1,13; Пс 7,15Подготвено е срцето мое, Боже, спремно е срцето мое, ќе пеам и ќе свирам.
8107,1-5Разбуди се, душо моја, разбудете се харфо и лиро! Јас ќе ја разбудам и зората.
9Јов 38,12Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Те воспеам меѓу племињата,
109,11; 17,49зашто Твојата милост се возвеличи до небесата, и Твојата верност се протега сѐ до облаците.
1135,5Возвиши се, Боже, над небесата и по целата земја нека биде Твојата слава!
Who We AreWhat We EelieveWhat We Do
2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.
