1 Ездра 9 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

1 6,21; 1 Мојс 19,38; 2 Мојс 13,5; 23,28; 5 Мојс 20,17; Суд 3,5; 2 Лет 8,7 Откако се сврши тоа, началниците се приближија до мене и рекоа: „Народот Израилев и свештениците и левитите не се одвоија од народите на другите племиња поради нивните гнасо­тии, од Хананците, Хитијците, Перизиј­ците, Јевусијците, Амонците, Моавци­те, Египќаните и Аморејците,

22 Мојс 34,16; 5 Мојс 7,1; 14,2; Мал 2,10-12; Рута 1,4зашто зедоа нивни ќерки за себе и за синовите свои, светото семе се смеша со народи од туѓи племиња, а притоа раката на кнезовите и војводите беше прва во тоа беззаконие.“

32 Мојс 32,19; 33,4; 4 Мојс 14,6; Суд 20,26Откако ги чув тие зборови, ја раскинав долната и горната своја облека, ги кубев косите на главата своја и на брадата своја и седев нажален.

4Ис 66,2-5; Пс 118,120; Неем 1,4Тогаш се собраа кај мене сите што се уплашија од зборовите на Бог Израи­лев поради престапите на преселни­ците, и јас седев вџашен до принесувањето на вечерната жртва.

Ездра се моли за заштита на грешните

5 Пс 27,2; 134,2; Неем 8,6 А во време на вечерната жртва ста­нав од моето понизно место со раскината долна и горна облека, паднав на ко­лена и ги кренав рацете кон Господ, мојот Бог,

6Ис 59,12; Ер 31,19; Јона 1,2; Откр 18,5и реков: „Боже мој, срам ми е и страв ми е да го покажам моето лице кон Тебе, Боже мој, зашто беззаконијата ни надвиснаа над нашите глави, и вината ни нарасна до небото.

75 Мојс 28,37.64; 2 Лет 29,6Од дните на нашите предци до денес ние сме во голема вина, и поради на­шите беззаконија бевме предадени ние, царевите наши, свештениците наши, – во рацете на цареви од туѓи земји, на меч, во пленство, на грабеж и навреди, како што е и сега.

8Ис 4,3И ете, по малку време, ни се дарува милост од Господ, нашиот Бог, Кој ос­тави кај нас спасение и ни даде да се за­крепиме во Неговото свето место; ни ги просвети очите нашиот Бог и ни даде да здивнеме малку од ропството свое.

9Ние сме робови, но и во ропството нашиот Бог не нѐ остави. Тој ја приведе кон нас милоста на персиските цареви за да ни дадат нов живот, да го подиг­неме домот на нашиот Бог, да го обно­виме од урнатините негови, и да ни да­дат сигурно засолниште во Јудеја и во Ерусалим.

10А сега што да кажеме, Боже наш, потоа? Зашто ние отстапивме од Твоите заповеди

113 Мојс 18,24-25; Ез 36,17што ни ги даде преку Твоите слуги, пророците, велејќи: ‚земјата, во која одите за да ја завладеете, е земја не­чиста; таа е извалкана од нечистотиите на народите од туѓи племиња, со нивни гнасотии, со кои ја наполнија открај докрај со своите нечистотии.

121 Мојс 45,18; 2 Мојс 34,15; 5 Мојс 11,8; Ез 37,25; Пс 102,17Затоа не ги давајте ќерките свои за синовите нивни, и ќерките нивни не ги земајте за синовите свои, и не барајте го мирот нивни, ниту благата нивни довека, за да се закрепите и храните со најдобрите плодови на таа земја и да ја предадете во наследство на синовите свои довека.‘

132 Мојс 32,22; Пс 102,10; Јов 11,6И по сѐ што нѐ снајде поради лоши­те дела наши и поради големата вина наша и, – зашто Ти, Боже наш, нѐ поштеди не според беззаконието наше, туку ни даде такво избавување, –

145 Мојс 9,8.14; Неем 13,27зарем пак ќе ги нарушуваме Твоите заповеди и ќе влегуваме во родство со тие одвратни народи? Нема ли да се разгневиш на нас сѐ додека нѐ не погубиш, па да нема живи и да нема спасени?

15Ер 12,1; Пс 144,17; Плач 1,18; Дан 9,14-15; Неем 9,33Господи, Боже Израилев! Ти си праведен, зашто ние бевме нажалени до денес; и еве, ние сме во беззаконијата свои пред Твоето лице, макар што по сето тоа не би требало да стоиме пред Твоето лице.“

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help