1 Царства 3 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бог го потврдува Самоил за пророк

1 2,11; Ез 7,26; Амос 8,11-12; Пс 73,9; Плач 2,9 Момчето Самоил Му служеше на Господ под надзор на Илиј. Сло­вото Господово беше ретко во тие де­нови и немаше виденија.

24,15И се случи во она време, кога Илиј лежеше на местото свое, а очите негови беа почнале да му слабеат, и тој не можеше да гледа, –

32 Мојс 25,22; 27,20-21; 3 Мојс 24,2-4и светилникот Божји уште не беше угаснал, а Самоил лежеше во храмот Господов, каде што беше ковчегот Бож­ји;

41 Мојс 22,1.11; 27,1.18; 2 Мојс 3,4; Ис 6,8Господ повика кон Самоил: („Само­иле! Самоиле!“) Тој одговори: „Еве ме!“

5И дотрча кај Илиј и рече: „Еве ме! Зошто ме викаше?“ Но тој одговори: „Јас не сум те викал; оди легни си!“ И тој отиде и си легна.

6Но Господ повика по вторпат кон Самоил: („Самоиле, Самоиле!“) Тој стана и пак отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Но тој рече: „Јас не сум те викал, синко; оди легни си!“

7Самоил дотогаш не го познаваше гласот на Господ, зашто уште не му се беше открило словото Господово.

8Викна Господ кон Самоил и третпат. Тој стана и отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Тогаш Илиј разбра дека Господ го вика момчето.

9И му рече Илиј на Самоил: „Оди легни си, и кога Оној што вика, ќе те повика, ти кажи: ‚Говори, Господи, би­дејќи Твојот слуга слуша.‘“ И отиде Самоил и легна на местото свое.

10И Господ дојде, застана и викна, како и претходно: „Самоиле! Самоиле!“ И Самоил рече: „Говори, Господи, бидејќи Твојот слуга слуша.“

114 Цар 21,12; Ер 19,3И му рече Господ на Самоил: „Еве, ќе направам нешто во Израил, така што на секој што ќе слушне за тоа, ќе му за­ѕујат и двете уши.

122,27-36Во тој ден Јас ќе го исполнам над Илиј сѐ она што сум зборувал за домот негов, од почеток до крај.

13Јас му јавив дека ќе го казнам до­мот негов засекогаш заради онаа вина, што тој ја знаеше, бидејќи синовите негови хулеа на Бога, и тој не ги запираше.

14И поради тоа се колнам пред домот на Илиј дека вината на Илиовиот дом нема да се избрише довека ниту со жртви, ниту со приноси.“

15Самоил спиеше до утрината. Потоа стана рано и ја отвори вратата на домот Господов. Самоил се плашеше да му со­општи на Илиј за тоа видение.

16Но Илиј го повика Самоил и рече: „Синко Самоиле!“ Тој одговори: „Еве ме!“

1720,13; 25,22; 2 Цар 3,35; 19,14; 3 Цар 2,23; 4 Цар 6,31; Рута 1,17И рече Илиј: „Што ти беше речено? Не криј од мене; Лошо ќе ти направи Господ, и уште повеќе ќе ти додаде, ако сокриеш од мене било што од сѐ што ти беше кажано!“

18Јов 1,21И Самоил му соопшти сѐ и не сокри од него ништо. Тогаш Илиј рече: „Тој е Господ; нека направи она што е добро во Неговите очи!“

191 Мојс 26,3; 2 Мојс 3,12; Ис.Н. 1,5; 21,45; 2 Цар 5,1; 4 Цар 10,10; Лк 1,28Додека Самоил растеше, Господ беше постојано со него, и не остана ни­ту еден Негов збор неисполнет.

20Суд 20,1И сиот Израил од Дан до Вирсавија дозна дека Самоил е удостоен да биде пророк Господов.

21И Господ продолжуваше да се јавува во Силом, откако му се беше открил на Самоил во Силом преку словото Гос­подово. (И во целиот Израил, од едниот крај на земјата до другиот, се веруваше дека Самоил е пророк Господов. Илиј пак многу остаре, а неговите синови продолжија да одат по нивниот лош пат пред Господ).

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help