Естира 6 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Аман принуден да го почитува Мардохеј

1 2,23; 10,2; 2 Мојс 17,14; Мал 3,16 Преку ноќта Господ не му даде сон на царот. Затоа му заповеда на слу­га­та да ја донесе книгата за дневните бе­лешки; и ги читаа пред царот;

22,21и се најде запишано таму, дека Мар­дохеј беше соопштил за двајцата царски слуги Бигетан и Тереш, кои го чуваа прагот и правеа план да стават рака врз царот Ксеркс.

3Царот запраша: „Каква чест и какво одликување му е дадено на Мардохеј за тоа?“ Царските дворјани што му читаа, одговорија: „Ништо не му е направено.“

4Кога царот се распрашуваше за доб­ро­то дело на Мардохеј, дојде во дворот Аман, и праша царот: „Кој е во дво­рот?“ Аман, пак, тогаш беше дошол во надворешниот двор на царскиот дворец за да бара од царот да го обесат Мар­до­хеј на бесилката што ја беше приготвил за него.

5Дворјаните му одговорија на царот: „Ете, Аман стои во дворот.“ Царот ре­че: „Нека влезе.“

6И Аман влезе. Царот го праша: „Што да му направам на таков човек ко­го сакам да го одликувам со почести?“ Аман си помисли во срцето: кого друг би посакал царот да го одликува, освен мене?

7И Аман одговори: „На таков човек, кого царот сака да го одликува со по­чести,

8нека му донесат царска облека, со која царот се облекува, и да го доведат коњот, на кој царот јава, да му постават царски венец на главата негова,

9и нека ги дадат облеката и коњот, во рацете на еден од првите царски кнезо­ви, да го облечат човекот, кого царот сака да го одликува, да го изведат на коњ на градскиот плоштад и да огласат пред него: Вака му се прави на оној чо­век, кого царот сака да го одликува со почести!“

10Тогаш царот му рече на Аман: „Добро рече; веднаш земи ја облеката и коњот, како што рече, и направи му го тоа на Јудеецот Мардохеј, кој седи пред царската порта; ништо да не про­пуш­тиш од тоа што го кажа.“

11Ги зеде Аман облеката и коњот, го облече Мардохеј, го изведе на коњ на градскиот плоштад и објави пред него: „Вака му се прави на човек, кого царот сака да го одликува со почести!“

121 Мојс 37,35; 2 Цар 15,30; Ис 57,18; 61,2; Ер 14,3; Пс 34,14; Плач 1,4Мардохеј се врати кај царската пор­та. Аман, пак, тргна во домот свој, на­тажен и со наведната глава.

13И ѝ раскажа Аман на жената своја Зереша, и на сите пријатели свои за сѐ што се случи со него. Тогаш мудреците негови и жената негова Зереша му ре­коа: „Ако Мардохеј, поради кого ти почна да паѓаш, е од јудејско племе, ти нема да го надвиеш, туку навистина ќе паднеш пред него, бидејќи со него е жи­виот Бог.“

14Тие уште разговараа со него, и цар­ските евнуси дојдоа и го поканија Аман да оди на гозбата што ја беше пригот­ви­ла Естира.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help