2 Летописи 10 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

Бунт на северните племиња(3 Цар 12,1-20)

1Ровоам отиде во Сихем, зашто во Сихем се беа собрале сите Из­раилци, за да го изберат за цар.

23 Цар 11,40Кога чу за тоа Јеровоам, синот Наватов, – кој се наоѓаше во Египет, каде што беше избегал од царот Соло­мон, – тој се врати од Египет.

31 Лет 9,1Испратија да го повикаат. Дојде Је­ровоам и сиот Израил, и му говореа на Ровоам вака:

4„Твојот татко ни наложи тежок ја­рем; ти пак олесни ни го тешкото ропство од татко ти и тешкиот јарем, што ни го наложи тој, и ние ќе ти служиме.“

5Ровоам им одговори: „По три дена дојдете пак кај мене.“ И народот се разотиде.

6Јов 8,8-9; 12,12Се посоветува царот Ровоам со ста­решините, што стоеја пред татко му Со­ломон, додека беше жив, и им рече: „Што ќе ме посоветувате да му одговорам на овој народ?“

7Тие му одговорија: „Ако бидеш добар кон овој народ и му угодиш, ако му говориш благи зборови, тој ќе ти служи во сите дни.“

82 Цар 17,14Но тој го отфрли советот, што му го дадоа старешините, па почна да се советува со младите, што беа израснале заедно со него и служеа кај него;

9па им рече: „Што ќе ми советувате да им одговорам на оние луѓе, што ми рекоа вака: ‚Олесни ни го јаремот, што ни го наложи татко ти?‘“

10Младите, што беа израснале со не­го, му одговорија и рекоа: „Вака кажи им на тие луѓе, што ти рекле: ‚твојот татко ни наложи тежок јарем, ти, пак олесни ни го,‘ – вака кажи им: ‚малиот прст ми е подебел од бедрата на татко ми.

11Татко ми ви наложи тежок јарем, јас, пак, ќе го зголемам вашиот јарем; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ќе ве бијам со скорпии.‘“

12Дојде Јеровоам и сите луѓе кај Ро­воам на третиот ден, како што им беше заповедал царот, велејќи: „Дојдете кај мене пак по три дена.“

13Тогаш царот им одговори грубо, бидејќи царот Ровоам го отфрли советот на старешините, и им говореше спо­ред советот на младите вака:

14„Татко ми ви наложи тежок јарем, јас пак ќе го зголемам; татко ми ве каз­нуваше со камшици, јас, пак, ќе ве би­јам со скорпии.“

15И царот не го послуша народот, зашто така беше определено од Бога, за да го исполни Господ зборот Свој, што го беше изрекол преку Силомнецот Ахија за Наватовиот син Јеровоам.

16Кога сиот Израил виде дека царот не го слуша, народот му одговори на царот, велејќи: „Каков дел имаме со Давид? За нас нема дел во синот Јесеев; по шаторите свои, Израилу! Сега знај го својот дом, Давиде!“ И се разотидоа сите Израилци по шаторите свои.

17А Ровоам остана цар само на синовите Израилеви, што живееја во Јудините градови.

182 Цар 20,24Царот Ровоам го испрати Хадорам, кој беше над даноците, но Израилците го каменуваа, и тој умре. А царот Рово­ам побрза да седне в кола, за да избега во Ерусалим.

19Така се одметнаа Израилците од домот Давидов и до денес.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help