Псалми 17 - Свето Писмо: Стандардна Библи?а 2006 (со девтероканонски книги)(MK2006D)

ПСАЛМ 17Благодарност за чудесното спасение

1Те љубам, Господи, крепост моја!

230,2-3; 143,2; 1 Мојс 49,24; 5 Мојс 32,4; 32,15.18.37Господ е моја карпа, моја тврдина и мој избавител, Бог мој, засолниште мое, во кое се засолнувам; мој штит, сила на спасението мое и крепост моја.

3Ќе Го призовувам Господа, достоен за слава и ќе се спасам од непријателите свои.

4115,3Јажињата на смртта ме испреплетоа, и погубни потоци ме вознемирија;

5Изреки 13,15; 14,27пеколни мрежи ме заробија, смртни стапици ме стегнаа.

6Во мојот очај Го повикав Господа и кон мојот Бог извикав. И Тој од Својот свет храм го чу гласот мој, и мојот вик стигна до неговото уво.

767,8; 96,2-5; 2 Мојс 19,16.18; Суд 5,4-5; 3 Цар 19,11-12; Ис 30,27-28; Авак 3,3-13Се затресе и се разниша земјата; за­треперија и од темел се поместија го­ри­те, зашто Господ се разгневи;

8се крена дим од Неговите носници и од устата Негова пламна оган, кој проголтува сѐ; вжарени јаглења отскокаа од Него.

9143,5Ги наведна Тој небесата и слезе, – а мрак падна под нозете Негови.

1079,1; 98,1; 103,3И седна на херувим, па полета и се понесе на ветерни крилја.

1196,2; 5 Мојс 4,11Од мракот направи Свој заклон, и сенка околу Себе – од густи облаци полни со вода.

12Од молскање бегаа од Него об­ла­ци­те, градот и огнените јаглења.

1328,1-11; 76,17-18И загрме Господ од небесата, и Се­вишниот го пушти својот глас: град и разгорени јаглења.

14143,6И ги пушти стрелите Свои и ги рас­прсна, ги распали молњите – и ги растури.

152 Мојс 15,8Морските дна се појавија, и осно­ви­те на вселената се разоткрија од страш­ната закана Твоја, Господи, од здивот на носниците Твои.

16Тој посегна од висините, и ме при­фа­ти, па ме извлече од многуте води.

17141,6Ме избави од силните мои непријатели и од оние кои ме мразат, од оние што се посилни од мене.

18Тие се кренаа против мене во денот на мојата несреќа, но Господ беше потпора моја.

19Ме изведе Тој на пространо место и ме избави, зашто ме засака.

20Ме награди Господ според мојата правда, и според чистотата на моите ра­це ми врати,

21зашто ги запазив патиштата на Гос­под и не се оддалечив од мојот Бог;

22зашто сите заповеди Негови се пред мене, и наредбите Негови не ги от­стра­нив од себе.

23Бев непорочен пред Него и се пазев од беззаконија.

24И ми даде Господ според мојата прав­да, и по чистотата на рацете мои пред очите Негови.

25Со светиите Ти постапуваш свето, со невин човек – си благ,

26со чистиот – чисто, а со лукавиот – според неговото лукавство,

27зашто Ти ги спасуваш угнетените, а горделивите ќе ги понизиш.

28Зашто Ти го осветлуваш моето све­тило, Господи; мојот Бог ја осветлува темнината моја.

29Со Тебе и чети совладувам, со мојот Бог и ѕид ќе прескокнам.

3011,6Бог мој, непорочен е Неговиот пат, Господовите зборови со оган се пречис­тени; Тој е заштитник на сите, кои се засол­нуваат кај Него.

3161,6-7; 72,26; 5 Мојс 32,15; 32,18.30-31; 1 Цар 2,2; Ис 26,4; 43,5.7Зашто, кој е Бог, освен Господ, и кој е тврдина освен нашиот Бог?

32Бог е Оној Кој ме препашува со си­ла и патот ми го расчистува.

335 Мојс 32,13; Авак 3,19Ми ги прави нозете како на елен и ме поставува на височини;

34143,1ми ги обучува рацете за борба, и мускулите мои ги прави да затегнуваат бронзен лак.

35Ти ми даде заштита за моето спасение, Твојата десница ме прифати; Тво­јата поддршка ме издигна.

36Ми даваш сигурност за чекорите мои, и нозете мои не се подлизнуваат.

37Ги гонев непријателите мои и ги стигнав, и не се вратив, додека не ги победив;

38ги притиснав, и тие не можеа да станат, паднаа под нозете мои,

39зашто Ти ме препаша со сила за борба и ги собори пред мене оние, што станаа против мене;

40Ти ги натера во бегство неприја­те­лите мои, и ги истребив сите оние, што ме мразат;

41тие повикаа, но немаше кој да ги спаси: и кон Господ, – но Тој не ги чу.

42Ги иситнив како прав на ветар, ги згазив како кал по патиштата.

432,8-9; Откр 2,26-28Ти ме избави од народ бунтовен, ме постави за поглавар над народ, чии луѓе не ги познавав, и тие сега ми служат;

44тие и мојот шепот го слушаат, ту­ѓинците ми се покоруваат;

45Мих 7,17туѓинците бледнеат и треперат, излегувајќи од своите тврдини.

4617,46Да живее Господ, и нека е бла­гос­ловена Карпата Моја! И нека се величи Бог на моето спасение.

4717,47; 46,3Бог, Кој одмаздува за мене, Кој ми ги покорува народите,

48Избавител од моите гневни непријатели! Ти ме возвиси над оние, што стануваат против мене, и ме избави од на­силникот.

497,17; Рим 15,9Поради тоа Те славам пред народите, Господи, и го воспевам името Твое;

5088,4.29Ти Кој му даваш величествени по­беди на царот Свој и му правиш милост на Твојот помазаник Давид и на потомството негово – довека.

Blog
About Us
Message
Site Map

Who We AreWhat We EelieveWhat We Do

Terms of UsePrivacy Notice

2025 by iamachristian.org,Inc All rights reserved.

Home
Gospel
Question
Blog
Help